Шведскиот бренд на мебел IKEA лансираше нова кампања за блискоисточниот пазар по повод Рамазанските празници, повикувајќи ги луѓето да составуваат заеднички спомени како што составуваат мебел за семејната трпеза.
Во централниот спот на емоционалната кампања ги гледаме напорите на едно младо момче кое целосно се посветува на подготвувањето на семејната трпеза за претстојниот вечерен оброк, притоа додавајќи личен белег за секој член на семејството.
„Филмот за Рамазан претставува моќна израз за важноста на секој член на семејството во текот на светиот месец. Го надоградивме значењето на составувањето мебел со тоа што покажавме како заедништвото може да му помогне на семејството да ги составува спомените“ – истакнува Пабло Малдонадо, извршен креативен директор на агенцијата Grey Dubai која стои позади кампањата.
Генералната менаџерка за маркетинг и комуникации на Al-Futtaim IKEA, Карла Клумпенаар, додава: „Оваа година ја истакнуваме важноста на заедништвото, што ни помага да останеме релевантни и да создадеме емотивна врска со нашите клиенти. Дополнително, сакавме да покажеме дека без разлика колку е голем или мал вашиот сон за освежување на вашиот дом, нашите производи остануваат функционални и достапни за сите“.
Покрај видеоспотот, кампањата ќе вклучува и активности на социјалните мрежи, out-of-home и радио реклами, како и активации во самите продавници на брендот.