Најновата outdoor кампања на брендот за брза храна McDonald’s во Обединетото Кралство не вклучува никакво брендирање, дури ни препознатливите златни лакови.
Наместо тоа, билбордите едноствно ги листаат состојките од кои се направени производите на McDonald’s – мафин, јајце, бургер, лепче, кашкавал – подредени едни врз други така што составуваат различни производи од менито како Биг Мек, МекМафин, Filet-O-Fish и слично.
Агенцијата Leo Burnett London која стои позади кампањата, го ангажираши типографот Дејвид Швен за да ги создаде рекламите поставени на различни outdoor и digital локации.
„Само една дланка на глобални брендови може да комуницираат на ваков начин. Редуцираната и графичка природа на најновата кампања ја покажува самодовербата која McDonald’s и неговите иконични производи ја заслужуваат,“ истакнува Пит Хејс, креативен директор на Leo Burnett во соопштение по повод лансирањето на кампањата.