Социјалните медиуми не се како и останатите традиционални медиуми, па затоа и традиционалниот маркетинг пристап потребно е да го прилагодите за овој вид на медиум.
Формулата за успех е функција од правење на соодветниот избор на социјален медиум/медиуми каде ќе ги насочите своите активности, соодветно таргетирање, влог во платени реклами и секако квалитетна содржина.
Оваа формула ќе креира органска интеракција со вашите фанови на долг рок.
Што очекува од вас вашата публика ?
Наједноставниот одговор би бил дека Вашата целна публика очекува да споделувате објави од незин интерес!
Кој е тој интерес?
Одговорот на ова прашање изгледа комплексен, но всушност се содржи во само еден збор- АНИМИРАЊЕ.
Кога ја анимирате вашата целна публика таа ќе ве следи и ќе се вклучи во интеракција со вашите содржини.
Публиката на социјалните медиуми има потреба да биде анимирана и забавувана, а не да чувствува ‘’притисок’’ дека нешто се обидувате да и продадете.
Да, целта на секој бренд е да ја зголеми својата продажба, но начинот на кој тоа треба да се прави е потребно да биде ненаметлив и суптилен и стратегиски подготвен. Кога пласирате постојано продажба без некоја содржина која ќе го анимира следбеникот вие правите голем ризик следбениците да ја напуштат вашата страница или да не реагираат на вашите идни објави наместо да продолжат интензивно да ја следат и да започнат било каква интеракција.
Што е потребно за да ја анимирате вашата публика, каков тип на содржини може да ја поттикнат интеракцијата со следбениците?
1. Јасно дефиниран визуелен пристап кој во целост ќе ја раскаже приказната за вашиот бренд!
Визуелното опфаќа повеќе категории на содржини од: фотографии, дизајнирани слики, видео содржини, анимации, натписи на блогови со наслови кои ќе го задржат вниманието…
Кога на прв поглед визуелно на корисникот му прикажете одредена содржина таа треба да е јасна, недвосмислена, забавна, не премногу долга, а во исто време и информативна.
Грешката на BlackBerry на следната објава е прогласена за ‘’утка на годината’’.
Оваа објава на Twitter за брендот генерираше голема интеракција со следбениците но во негативна конотација.
Дали успеавте да забележите зошто?
Брендот сака интеракција на својата фан страница, а одговорните лица за маркетинг ја споделиле објавата од iPhone.
Ова често се случува и на наш пазар но во поинаков формат.
2.Прославувајте важни датуми со своите фанови.
За денот на жената BIC познатиот бренд на жилети ја објави оваа фотографија со изреката:’’ изгледај како жена,однесувај се како дама, размислувај како маж и работи како шеф’’. Многу од следбениците на брендот видливо навредни изјавија дека се навредени од конотацијата на оваа изрека која не се однесува на генералната женска публика. BIC испроба техники да ја оправда оваа објава како изрека симната од бизнис блог, што привлече уште поголеми негативно внимание поради неавтентичност за на крај повеќе пати да се извини за грешката.
Изреките често се користат во објавите на содржини на социјалните медиуми од страна многу големи брендови, па и наши брендови, кога веќе напоменавме ја користат оваа практика за анимирање на фановите.
Дали оваа практика е забавна?
Би рекле дека е безбеден и веќе од одамна виден пристап!
3. Уникатен и креативен пристап.
Многу често брендовите знаат да ги позајмуваат туѓите содржини, и тоа не само од својата конкуренција туку и од познатите брендови на пазарот и да ги етикетираат како свои. За таа цел препорачуваме да користите поголема креативност во своите објави.
Креативното отскокнување од стандардните содржини кои се објавуваат на социјалните медиуми не секогаш може да донесе позитивни критики. SuperGurl е само еден од брендовите кои кампањата за Black Friday распродажба ja донесе на едно ново ниво – но не во позитивна конотација.
”Rape us now” копчето како замена на Shop now како и графиката на фотографијата од кампањата предизвика бурна реакција кај следбениците на социјалните медиуми кои не само што се чувствуваа навредени, чувствуваа и директен напад на нивните вредности на повеќе нивоа.
3. Едукативни објави и совети.
На социјалните медиуми корисниците бараат забава и излез од секојдневието, сакаат да прочитаат и видат нешто ново, нешто забавно и корисно за нив.
Објави од типот: ‘’испробајте го најдобриот производ на пазарот, нашиот квалитет е најдобар, купете го сега нашиот производ чудесно ќе го ‘’стопи ’’ вишокот на масни наслаги од вашата половина за само 10 дена… , не се најдоброто решение со кое постојано ќе пробувате да го намамите корисникот.
За да ве следат корисниците информирајте ги за своите производи/услуги, нека не изгледа дека им продавате, помогнете им да се информираат подобро за нив.
4. Внимавајте како го презентирате својот бренд на социјалните медиуми
Ова е точка на која сакам да обрнете големо внимание – вашиот бренд не може да биде СЕ на социјалните медиуми!
Доколку другите брендови објавуваат совети за здравје не следете го нивниот пример доколку истите не соодејствуваат со вашиот бренд.
Покрај соодветното етикетирање , на социјалните медиуми не обидувајте се да пишувате за здравствени бенефиции од користење на производот доколку не се докажани и поткрепени со научни факти.
Nutellа обидувајќи се да го прикаже својот производ како поздрав од останатите заработи казна од 3милиони долари за доведување до заблуда на своите потрошувачи.
На прв поглед ваквите содржини нудат одредено искушение, но кога веќе сте поставиле такви превисоки очекувања за својот производ и услуга и кога тие нема да ги задоволат сите очекувања, желби и потреби на потрошувачот кога тој веќе еднаш ќе го проба производот тогаш подложни сте на негативни критики.
5. Организирање на натпревари
Ова е одличен начин на кој можете да ја зголемите вклученоста на фановите, да придобиете нови фанови и зголемена видливост.
Во овој дел добро е повремено (еднаш месечно или два до три пати квартално) да наградувате одреден број на фанови со симболични подароци од својот бренд (се разбира), со цел да ги поттикнете да се ‘’борат’’ кој ќе го добие производот и воедно да имаат можност да го испробаат.
Наградните натпревари оптимално е да траат до 7 дена , формулирајте ги на начин на кој сметате дека е потребно и јасно нагласете кој е условот за прогласување победник/победници.
Како награда исто така може да биде и попуст од 20% или да речеме 50% на некој од вашите производи доколку се работи за поскапи производи секако.
Во овој дел би нагласила добар и едноставен пример за награден натпревар и лош пример за награден натпревар.
Добар пример вклучува ангажман на корисниците,нивна активна вклученост и забава кои резултираат со зголемена видливост и чувство на блискост со брендот.
Наједноставен начин е да ги поттикнете фановите да ги користат вашите производи. Креирајте фото натпревари со фановите и вашите производи кои ќе евоцираат позитивни чувства од користењето на производот кај нив како примерот на GoPro.
Одлична фотографија за понатамошни содржини зар не?
Лош пример:
Heinz пред некоја година организираше награден натпревар каде услов за учевство и регистрација за натпреварот беше да се скенира QR кодот на пакувањето која иницијално води до нивната веб страница.
Веб страницата поврзана со наградниот натпревар по самиот крај на кампањата им истекла па доменското име наскоро било закупено од Fundorado, Германски порно сајт. Корисниците кои продолжиле да ги купуваат пакувањата со кечап скенирајќи ги QR кодови долго по натпреварот остро го критикуваа брендот за оваа грешка и недоволната ажурност.
6. Бидете забавни!
Луѓето сакаат повремено и малку хумор кој ќе се поврзе со нивното секојдневие, во содржините кои ги гледаат и читаат (како во објавата на брендот за хигиенски марамчиња.)
7. Информирајте ги за своите активности како компанија.
Зборувајте и за своите признанија, но на ненаметлив начин.
8. Дозволете сликата да ”зборува” доволно за себе, не трудете се премногу да ја објаснувате и не користете премногу симболи. Корисниците на социјалните медиуми само “скенираат“ содржини!
9. Користете реални фотографии и автентични кратки видеа со производите кои се дел од вашиот бренд.
Истите stock слики од Интернет повеќе брендови ги користат за рекламирање на своите производи.
Доколку сакате да бидете различни користете свои фотографии , овој чекор ќе обезбеди поголема автентичност на вашите содржини.
10. Корисниците се новите бренд амбасадори кои ја креираат реалноста на приказната на вашиот бренд.
Кога корисниците споделуваат со вас слики од користењето на вашите производи тогаш тие прават препорака за производот споделувајќи го корисничкото искуство. Славните личности на социјалните медиуми имаат кредибилитет и влијание кога ќе се фотографираат со обувки на пример од некој бренд (како подолниот случај на брендот Skechers), но затоа пак кредибилитет уживаат и oбјавите наобичните фанови. Колку повеќе фотографии и позитивни критики имате од фановите толку подоверлив им изгледа вашиот бренд на останатите корисници на полето на социјалните медиуми.