(РЕГИОН) – Манифестацијата Design Overview во Тирана позната како DoiT организирана во соработка со агенцијата McCann Тирана беше организирана по четврти пат под слоганот „Creativity for innovation & growth“ и ги собра најголемите комуникациски агенции кои работат на албанскиот пазар, како и повеќе реномирани маркетинг стручњаци од целиот свет.
DOiT е настан на кој публиката може да ужива во ексклузивните проекти од областа на дизајнот, да добие увид и да се запознае со трендовите во оваа област и секако да ужива во најдобрите проекти кои ги претставија авторите од повеќе од десет земји.
Креативниот тим на McCann Tirana осмисли и креираше интересна инсталација инспирирана од познатата скулптура Мислителот “The Thinker“ од Огист Роден.
“Имајќи ги на ум темите кои беа на дневен ред на конференцијата осмисливме зидна инсталација на “Мислителот“ која ги дочекуваше гостите на излегувањето од салата.“, вели Suela Štila, директорка на агенцијата Меккен Тирана и додава: “Слоганот со кој е попратена инсталацијата “Идеите се само идеи.Егзекуцијата е се“ најдобро зборува за смислата на денешната комуникациска индустрија која наведува на размислување и стварање впечаток“.
Манифестацијата оваа година беше одржана во необичаениот простор на Соборната црква која за оваа прилика беше претворена во конгресна сала која е искористена за разговор и дискусија за различните, за некои и контраверзни теми како што е на пример комерцијалната употреба на Божиќ.
Она што го одбележа овогодинешниот DOiT е големиот број на реномирани маркетинг стручњаци од целиот свет, почнувајќи од Ендру Барет, челникот на Ogilvy Pride, Лару Џордан Бомбах, кооснвач на британската агенција Mr.President се до познатите грчки дизајнери Василис Палас и Јанис Караламбопулос.