Од следната година, на кладилниците ќе им биде забрането да се рекламират на дресовите на фудбалските клубови во шпанската лига
Како што пренесува Ел Паис, шпанските власти ги заоструваат регулативите во врска со рекламирањето на обложувалниците.
Ова ќе влијае на фудбалските клубови Валенсија, Алавес, Леганес, Гранада, Мајорка, Севилја, Осасуна и Леванте, чии главни спонзори се компании за обложување.
Според шпанскиот закон за рекламирање, на обложувалниците им е дозволено да се рекламираат од еден часот по полноќ до пет часот наутро.
Освен на дресовите, обложувалниците веќе нема да можат да го спонзорираат ниту името на стадионот или кој било друг аспект на клубовите.
Шпанската влада имаше намера одлуката за забраната да ја воведе ова лето, но истата беше одложена поради вонредната состојба поради пандемијата на вирусот корона, па новиот закон, ќе стапи во сила од почетокот на следната сезона 2020/2021 година.