Gmail Sponsored Promotions (GSP) е најнова форма на Google огласување, со која се овозможува да допрете до повеќе од 500.000 Gmail корисници. Се повеќе компании ширум светот стануваат свесни за предностите кои ги нуди GSP огласувањето во однос на таргетирањето на потенцијалните купувачи.

GSP огласот се појавуваат во табот promotions во рамките на вашиот Gmail и изгледаат сосема идентично како секој друг мејл, но со ознака дека се работи за реклама. Познато е дека вообичаена рутина на секој корисник на мејл е секојдневно проверување на неговите дојдовни пораки. Сега со помош на GSP вие можете да пристапите до Gmail користиците на сосема едноставен начин со широка лепеза на методи на таргетирање. Рекламата е достапна на сите уреди (PC, мобилни, таблети…), што значи дека опсегот е целосен.
(изгледот на GSP огласот на Шпаркасе банка)
Со клик на GSP огласот се отвара мејл во форма идентична на newsletter*, кој е поврзан со одреден landing page (со вашата веб страница). Следните можности кои им стојат на располагење на корисниците кои ќе го добијат вашиот GSP оглас се следните:
- Save to inbox – огласот може да биде сочуван како и секој друг мејл;
- Dismiss – корисниците имаат можност да го стопираат повторното појавувањето на огласот;
- Forward – корисниците имаат можност да го препратат мејлот на своите пријатели.

GSP огласуваето ви нуди на располагање најразлични методи на таргетирање:
- Географско таргетирање врз основа на IP адресата (земја или град);
- Јазик;
- Област – таргетирање на корисници според одредена област, што често подразбира дека тие се на посебна мејл листа.
- Таргетирање според клучни зборови – таргетирање на корисниците според одредени клучни зборови
- Таргетирање според интерес – таргетирање според интересите на корисникот на мејлот;
- Демографско таргетирање – години и пол;
- Таргетирање според работно место – се таргетираат корисниците според нивниата работа;
- Таргетирање според мејл листа – компанијата огласувач може да одреди мејл листа за таргетирање на потенцијални купувачи;
- Таргетирање според онлајн набавки – се таргетираат корисници според извршени онлајн набавки;
- Таргетирање според уред – спроведената кампања може да ги таргетира сите уреди, десктоп, IOS и Android;
GSP огласите се плаќаат според принципот Cost-Per-Click. Тоа значи дека плаќате само кога некој ќе кликне на вашата реклама (реклама во инбокс). Отткако ќе се отвори мејлот (newsletter), сите понатамошни нивни активности (споделување, клик на веб сајтот, препраќање на рекламата…) се бесплани.
Кога споредуваме резултатите помеѓу GSP и display network, перформансите се многу подобри од класична GDN кампања. CTR се надминува за повеќе од 300%, а во исто време се постигнува многу низок CPC (поделено со 2 во споредба со класична GDN кампања). Врз основа на спроведената кампања забележивме дека не само што постои голема интеракција со веб страната, туку корисниците од таргетната група реклама од Шпаркасе банка ја препраќаат, па дури и ја сочувуваат за да ја проверат подоцна.
Како резултат на тоа може да се заклучи дека Gmail Sponsored Promotions претставува нова форма на ефективно таргетно онлајн огласување во рамките на Google платформата, при што огласните кампањи се изведуват врз основа на однесувањето на Gmail корисниците и нивните извршени онлајн набавки. Вакво специфицирано таргетирање означува дека всушност можете да таргетирате кого и што сакате.