Главниот актер и продуцент на серијата, Лени Џејмс, е најдобриот драмски писател во 2019 година.
Британската драмска криминалистичка серија „Спаси ме“ (Save Me), е добитничка на наградата на „Royal Television Society“ за најдобра драмска серија во 2019 година. Нејзиниот творец, сценарист, режисер и главен актер, Лени Џејмс (Line of Duty, The Walking Dead, Fear the Walking Dead) е добитник на наградата за најдобар драмски писател.
За успешна серија, Џејмс го собра веќе познатиот продукциски тим со кого работеше на криминалистичката серија „На должност“ (Line of Duty). Поради особениот успех, „Спаси ме“ наскоро ќе ја добие и втората сезона која тукушто се снима.
Шесте напнати епизоди од првата сезона гледајте ги уште сега на Pickbox NOW.
ЗА ШТО СЕ РАБОТИ
Во серијата го следиме Лени Џејмс, кој го игра Нелсон Роу, познат како Нели. Нели ја сака чашката и сака жени, но има добро срце – им помага на соседите, за секого има насмевка на лицето. Сепак, утрата ги почнува со виски и е чуден по природа. Животот на Нели целосно се менува кога ќерка му Џоди, која речиси и не ја видел, мистериозно исчезнува. Започнува истрага, а тој е еден од осомничените за нејзиното грабнување. Поради тоа решава сам да тргне во потрага по исчезнатата ќерка и не се откажува за да ја открие вистината. Во тој процес открива повеќе за себе и за другите околу него одошто очекувал.
Во другите улоги се Суран Џоунс како мајката на Џоди, Клер, Стивен Греам како најдобриот другар на Нели, Мелон, како и Џејсон Флеминг како техностручњак и осуден сексуален престапник Там.
ИНТЕЛИГЕНТЕН ТРИЛЕР
„Спаси ме“ е серија што изобилува со мистерија, конфликти, хумор, болка и насилство, а сето тоа се преточува во мошне интелигентен трилер. Приказната се врти околу средишната мистерија, но е слоевита, а секој слој ја зголемува интригата. Џејмс е одличен во улогата на комплексниот Нели, а критиката ја фали и генијалната актерка Суран Џоунс, која ја игра мајката на Џоди и поранешна сопруга на Нели. Двајцата немаат ништо заедничко и живеат сосемa различен живот – поради што приказната е уште поинтересна.
Оригинална, мистериозна и напната, новата серија „Спаси ме“ со Лени Џејмс во главната улога е крими бонбонче. Гледајте ги сите шест епизоди на Pickbox NOW!