Во духот на 2020 година, конференцијата СПОРТО, водечката конференција за маркетинг и спонзорства во овој дел на Европа, се прилагоди на околностите и за прв пат ќе се одржи во виртуелен облик.
Седумнаесеттото издание на конференцијата СПОРТО ќе се одржи на 21 и 22 јануари 2021 година (помеѓу 11:00 и 17:00 часот) на интернет платформата „ON Air“, која покрај онлајн предавања и дискусии нуди и интеракција и вмрежување.Настанот уште еднаш ќе ги собере главните актери од областа на спортот на едно место – претставници на многу брендови, спортски организации, агенции и медиуми. Ви претставуваме неколку атрактивни имиња, првите најавени врвни експерти, кои со нас ќе ја поделат „дигиталната сцена“.
Меѓу гостинските говорници е Ким Скилдум-Рид, основач и директор на Power Sponsorship, несомнено еден од водечките лидери во светот на спонзорствата. На конференцијата ќе ни се придружат и двајца експерти од двата најпознати брендови во светот на спортот, Кока Кола (Рикардо Форт, потпретседател за глобални партнерства во областа на спортот и забавата) и Тур де Франс (Флоријан Ламблин, раководител за меѓународен развој). Меѓу предавачите ќе бидат и Луис Вилтшир (Seven League/Mailman, извршен директор), од водечката светска спортска дигитална агенција, а во име на агенцијата Two Circles, која минатата година беше избрана за најдобра агенција на Sport Industry Awards, на конференцијата СПОРТО ќе гостува нејзиниот извршен директор Метју Ендвистл.
На програмата се придружува уште едно големо име од светот на е-спортот. Сем Метјус, извршен директор и основач на една од најголемите, најпопуларни и најуспешни светски организации за е-спорт Fnatic , исто така познат по иновативните партнерства (БМВ, Монстер, Гучи, Лаваца, Хисенс).
Специјален гостин на СПОРТО конференцијата за лидерството во овие необични времиња ќе биде „професорот“ Арсен Венгер, познат француски тренер, легенда на Арсенал, во која тој работеше 22 години и освои 17 титули со лондонските топџии.
Тој се смета за еден од најголемите иноватори во европскиот фудбал, чиј студиозен пристап кон играта вроди со огромни резултати. Тој сè уште е единствениот тренер во историјата на Англија кој го водеше својот тим во текот на целата сезона без ниту еден пораз. Венгер, кој исто така неодамна ја објави и долгоочекувана автобиографија, а во моментов е шеф за глобален развој на фудбалот во Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).
Повеќе информации можете да пронајдете на sporto.si/en.
Именувано жирито на SPORTO Awards 2020
Кокурсот за наградите СПОРТО, кои ги наградуваат најдобрите примери на добра пракса на полето на спонзорството, (дигиталната) комуникација и маркетингот во спортот во Словенија и во регионот, е отворен до 27 ноември 2020 година.
Годинешното меѓународно жири се состои од реномирани експерти од светот на маркетингот, спонзорството, (дигиталните) комуникации… Претседател на жирито е Енди Вестлејк, претставник и претседател на Европската асоцијација за спонзорства (ЕSА). Други членови на жирито се Лидија Ракуша (директор за маркетинг | Merkur), Маријан Палиќ (директор за маркетинг | AGENCY04), Тјаша Слокар Кос (главен уредник на информативната програма POP TV), Небојша Мандрапа (директор за односи со јавноста | New Media Team), Мелита Божиќ (директор на проекти | Pristop), Синиша Остојиќ (директор | СЕХА Газпром лига), Бруно Блуменшејн (ко-сопственик и директор | Overtime), Наташа Сернц (директор за маркетинг | Nova KBM, претставник на Словенечката асоцијација за маркетинг), Урош Станиќ (соработник за маркетинг | ХНК Риека).
Повеќе информации на sportoawards.si.