После речиси осум месеци откако беше најавено, најголемото спојување во маркетинг индустријата кое требаше да ја формира најголемата светска агенција од гигантите Публицис и Омником – доцна синоќа стигна информацијата дека…. ПРОПАДНА !
Договорот кој предвидуваше нова заедничка агенција која ќе вреди речиси 35 милијарди американски долари – се откажува заради како што велат од компаниите “потешкотиите сите трансакции и административни работи да се завршат во разумно време“ .
Како што се вели во соопштението на Омником “двете страни се ослободуваат од било какви обврски во врска со планираните трансфери и нема да бидат исплаќани никакви трошоци и пенали“
Maurice Levy, извршниот директор на Публицис во нивното соопштение вели дека: “одлуката да се запре процесот беше навистина тешка и непријатна за двете страни – но беше неопходна“ бидејќи како што потенцира “ пролонгирањето на процесот и спојувањето значеше забегување од основните принципи на менаџментот на агенцијата – целосно и посветено да се служи најдобро на клиентите“
Откако беше објавено самото спојување, интересен е податокот дека акциите на нивните најголеми конкуренти WPP и Interpublic остваруваа континуиран раст зголемувајќи ја својата вредност на пазарот за 8.7% односно 10.0% соодветно.