Home » Во фокусот » Спојувањето на Публицис и Омником – пропадна !

Спојувањето на Публицис и Омником – пропадна !

После речиси осум месеци откако беше најавено, најголемото спојување во маркетинг индустријата кое требаше да ја формира најголемата светска агенција од гигантите Публицис и Омником – доцна синоќа стигна информацијата дека….  ПРОПАДНА !

publicis and omnicom

Договорот кој предвидуваше нова заедничка агенција која ќе вреди речиси 35 милијарди американски долари – се откажува заради како што велат од компаниите “потешкотиите сите трансакции и административни работи да се завршат во разумно време“ .

Како што се вели во соопштението на Омником “двете страни се ослободуваат од било какви обврски во врска со планираните трансфери и нема да бидат исплаќани никакви трошоци и пенали

Maurice Levy, извршниот директор на Публицис во нивното соопштение вели дека: “одлуката да се запре процесот беше навистина тешка и непријатна за двете страни – но беше неопходна“ бидејќи како што потенцира “ пролонгирањето на процесот и спојувањето значеше забегување од основните принципи на менаџментот на агенцијата – целосно и посветено да се служи најдобро на  клиентите

Откако беше објавено самото спојување, интересен е податокот дека акциите на нивните најголеми конкуренти WPP и Interpublic остваруваа континуиран раст зголемувајќи ја својата вредност на пазарот за 8.7% односно  10.0% соодветно.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365