Глобалната медиска платформа за стриминг на спорт DAZN ги купи британските медиски компании Eleven Sports и Team Whistle, двете претходно дел од Eleven Group, со цел драстично зголемување на својата спортска понуда.
Со аквизицијата на Eleven Sports и Team Whistle, стриминг платформата DAZN ја исполнува тројната цел да го прошири географскиот опсег, да воведе нов прилив на приходи од социјалните мрежи и да ги прошири своите фудбалски права.
Поточно, ова ќе им овозможи на DAZN да емитуваат натпревари од горните лиги во Португалија и во Белгија, надополнувајќи ја постојната понуда на натпревари од Италија и Шпанија. Договорот исто така ќе им овозможи на DAZN да добијат упориште на пазарите во Тајван и другите земји од Југоисточна Азија.
Во крајна инстанца, договорот опфаќа пренос на не помалку од 40.000 фудбалски натпревари во живо секоја година, значително проширувајќи го портфолиото DAZN со над 90 фудбалски асоцијации низ светот.
Основачот на Eleven, Андреа Радрицани, истовремено и сопственик на фудбалскиот клуб Лидс Јунајтед, ќе биде извршен директор во бордот на директори на DAZN по реализацијата на договорот, кој сé уште чека одобрување од државните антимонополски комисии.