Стриминг платформата Spotify ја претстави својата сосема нова почетна страница, изработена во сличен стил како онаа на ТикТок, иако компанијата верува дека нејзиниот дизајн е „повизуелен и подинамичен“.
Од Spotify велат дека промените – вклучувајќи ги новите опции за откривање нови содржини, потоа режим на Smart Shuffle и автоматското емитување на подкасти – треба да поттикнат „продлабочено откривање на нови содржини и градење на позначајни врски помеѓу уметниците и обожавателите“.
Од компанијата објаснуваат дека редизајнот на корисничкиот интерфејс ќе им овозможи на корисниците да „скролаат со цел“ и да идентификуваат нови содржини во кои ќе уживаат. Меѓутоа, тоа исто така би можело да биде претходник за воведувањето на некоја форма на реклами.
Некои од новите функции, како што е Smart Shuffle, ќе бидат достапни само за претплатници, додека редизајнот на почетната страница ќе се однесува на сите корисници. Spotify допрва треба да посочи временска рамка за имплементација на најавените новитети.
Функцијата Smart Shuffle, која ќе се активира по двојно кликнување на соодветната икона, овозможува автоматско додавање на песни што се релевантни за слушателот кон неговата листа за реподукција, истовремено „миксајќи“ го редоследот по кој песните ќе се репродуцираат.
Дополнително, некои нови карактеристики ќе почнат да се појавуваат кај курираните плејлисти на платформата, како што се Discover Weekly, Release Radar и New Music Friday, така што слушателите ќе можат да направат краток “preview” на новите наслови пред да го притиснат копчето за репродукција.
Корисниците во САД и Канада ќе забележат уште повеќе промени, вклучително и додавањето на „диџеј“ базиран на вештачка интелигенција сместен под осумте персонализирани кратенки во секцијата Music. Корисниците исто така ќе можат да ги видат причините зошто им биле понудени одредени препорачани содржини.
Промени ќе следуваат и во однос на подкастите кои што ќе доаѓаат со истата опционална функција за автоматска репродукција како и музиката. Односно, штом корисникот ќе заврши со слушањето на некоја епизодата, следната „релевантна епизода“ веќе ќе започне да се репродуцира без никаква потреба од мрдање со прст.
Ready, set, discover new audio easier than ever before! Take a look at our greatest app evolution yet. Introducing @Spotify‘s new Home feed. #SpotifyStreamOn pic.twitter.com/OHrp3C6FOT
— Spotify News (@SpotifyNews) March 8, 2023