Швајцарската авиокомпанија easyJet и стриминг-платформата Spotify започнаа партнерство со кое ќе ги применуваат слушачките навики на корисниците за да им предложат соодветни туристички дестинации.
Создадена со помош на агенцијата VCCP London, кампањата насловена “Listen & Book” ги анализира музичките плејлисти на корисниците на Spotify, влече инспирација од стилот на музика кој го сакаат и на учесниците им нуди туристички дестинации по нивни вкус.
Покрај туристичките дестинации, корисниците добиваат и информации за музички сали и локали во нивна близина, поврзувајќи ги со локалните концерти во кои можеби би биле заинтересирани.
„Оваа креативна соработка покажува што е можно со стримингот на аудио. Слушателите се ангажираат со Spotify за да искусат инспирација и откривање, а нашиот фокус на персонализација им овозможува на брендовите да негуваат значајни интерактивни врски со својата публика“, посочува глобалниот креативен директор на Spotify, Ричард Франкел, додавајќи: „Listen & Book е одличен пример за тоа како брендовите можат да го искористат начинот на размислување на клиентите и да се поврзат со нив на иновативни и корисни начини кои носат вистински резултати“.
За да пристапат до функцијата, љубителите на музика ќе треба да ја поврзат својата корисничка сметка на Spotify преку специјализираната микространица за “Listen & Book”.
„Listen & Book ќе им помогне на нашите клиенти да откријат нови дестинации низ нашата европска мрежа, користејќи ја иновативната технологија на Spotify за да го подобриме нашето корисничко искуство за пребарување и резервирање дестинации“- истакнува Ричард Шервуд, клиент и маркетинг директор во easyJet.