Spotify Advertising ја претстави кампањата „Tunetorials“, нов едукативен проект кој процесот на учење како да се огласува на платформата го претвора во музичко искуство. Иницијативата користи оригинални песни и музички спотови за да им помогне на маркетерите како да стигнат до вистинската публика, во вистинско време, со вистинска порака на Spotify.
Развиена во соработка со агенцијата FCB New York, секој туторијал комбинира забава и практични совети. Кампањата опфаќа теми како создавање стратегии со повеќе формати на огласувања, користење на податоците за публиката на Spotify и истражување на креативните можности на платформата. Резултатот е серија на лекции дизајнирани да ја направат едукацијата за огласување интересна, запаметлива и забавна.
Бриџет Еванс, глобална директорка за бизнис маркетинг на Spotify, објасни дека целта била учењето за огласување да биде исто толку забавно колку и слушањето музика. „Tunetorials е нашиот начин да го споиме едукацијата со забавата, за да не ни се чини како обврска,“ рече таа. „Сакавме да ги инспирираме брендовите и агенциите да ги гледаат огласувачките решенија на Spotify на еден целосно нов начин.“
Секоја лекција-песна од серијата служи како мини „студија на случај“ во екосистемот на огласување на Spotify. Една песна се фокусира на таргетирање на публиката со користење на податоците на платформата, друга ја истражува моќта на комбинирањето аудио, видео и дисплеј огласувања, додека третата ги истакнува алатките како Spotify Pixel за беспрекорно мерење и оптимизација.
Со тоа што традиционалните туторијали за огласување ги претвора во музичко искуство, Spotify се позиционира не само како платформа за музика, туку и како креативен партнер за брендовите. „Tunetorials“ покажува како едукацијата за огласување може да биде динамична и забавна, исто како музиката што ја дефинира самата платформа.