Аспирациите на Coca-Cola Company да биде еколошки одржлива компанија го вклучува и чекорот на целосно повлекување на препознатливите зелени шишиња за пијалакот Sprite. Конгломератот за пијалоци објави дека, почнувајќи од 1 август, Sprite наместо нив ќе усвои проѕирни шишиња, притоа задржувајќи ја суштинската зелена боја на капачињата и етикетите.
Coca-Cola го унапреди својот процес на рециклирање, а за да го рационализира дополнително, обоените шишиња треба да се одвојат од остатокот од купот за рециклирање со цел да се спречи погрешното обојување на собраната пластика. Одлуката првпат беше најавена во мај, кога Sprite го претстави својот редизајниран бренд-идентитет.
Претходно, шишињата Sprite можеа да се рециклираат само во облека, теписи и други ткаенини кои се многу потешки за повторно рециклирање. Компанијата за рециклирање R3CYCLE соработува со компанијата за пијалоци и изјави дека отстранувањето на зелената боја осигурува дека шишињата Sprite може да се рециклираат одново и одново за повторно да се користат како идно пакување.
Проѕирните шишиња Sprite првично беа тестирани во неколку региони во САД и на некои пазари во Југоисточна Азија, Европа и Јужна Африка, а сега од 1 август ќе бидат лансирани на глобално ниво.
Coca-Cola исто така има намера да се ослободи и од другите зелени шишиња во својата понуда на артикли, вклучувајќи пијалоци како Fresca, Seagram’s и Mello Yellow.