Брендот на безалкохолни пијалаци Sprite прославува пет децении хип-хоп со новата кампања “Icon’s Delight”, во која познати артисти од различни генерации изведуваат ремикс верзија на класиката “Rapper’s Delight” од Sugar Hill Gang, како почит кон иконите на жанрот.
Новајлии во жанрот како Latto и GloRilla рапуваат заедно со ветераните Rakim и Nas во спот кој се одвива на различни локации – од луксузно студио за снимање, до интимна концертна сала, па дури и училница на чија џиновска табла е испишано хип-хоп знаење за следната генерација.
Преку новата кампања, Sprite и овие уметници се стремат да ја продолжат долгогодишната традиција на поврзување и соработка помеѓу брендот и хип-хоп заедницата.
Повеќе информации за активностите кои ќе се реализираат како дел од кампањата се достапни на следниот линк.