За прв пат во историјата, The Coca-Cola Company ќе лансира унифицирана, глобална огласувачка кампања за пијалокот Sprite, со ново лого, слоган и бренд идентитет.
Маркетинг иницијативата првично ќе биде лансирана во САД и Индија веќе овој месец, а потоа и на сите 200 пазари низ светот – баш во пресрет на летото на северната хемисфера, па доколку стане многу топло, да ве потсети да се освежите со Sprite!
Со ова ребрендирање, лименките и шишиња Sprite ќе добијат ново поминималистичко лого со исправена и почитлива типографија, а ќе останат и без сегашната бела рамка околу името.
Новиот слоган на брендот ќе биде “Heat Happens” („Жештината се случува“), кој е игра на зборови на популарната фраза “Sh*t happens” („Г*мна се случуваат“), со дополнувањето “Stay Cool” („Останете кул“ т.е. „Останете ладни“).
Пластичните шишиња Sprite повеќе нема да бидат изработувани од зелена пластика, туку од проѕирна, бидејќи вторава е полесна за рециклирање.
Со цел промоција на новиот бренд-имиџ, Sprite веќе подготви неколку забавни рекламни спотови, кои примарно ја таргетираат младата Генерација Z. Спотовите следат воедначена формула: млади луѓе се ослободуваат од својата лутина и нервоза преку освежувањето со Sprite. Погледнете: