Номинациите за најдобрите локации за снимање на филмови, ТВ серии и реклами кои ги доделува Светската асоцијација на менаџери на локации (LMGI – Location Managers Guild International) се официјално објавени.
Србија за прв пат се најде на оваа листа благодарение на рекламата “Органска храна за сите” за германскиот бренд Пени која е снимена во срцето на Белград. За впечатливите кадри на Теразије, стариот железнички мост и покривите на новите блокови во Белград е заслужна белградска продукциска компанија Emote и комплетен домашен сценографски тим, заедно со уште околу 700 членови на екипата, статисти и логистичари кои учествуваа во реализацијата на најамбициозниот рекламен спот снимен во Србија минатата година.
„Кога се занимавате со реализација на реклами не размислувате често за нaгради од овој тип, затоа што тоа најчесто не е крајната цел на оваа продукција. Затоа нас ни е многу драго што сме дел од избрана група и имаме чест да се натпреваруваме со најголемите светски продукции, како и да бидеме на истото доделување награди на кои се номинирани и HBO и Netflix. Penny беше важен проект како за нас, така и за целата наша индустрија и за позиционирање на Белград на мапата на најпосакувани дестинации за снимање разни проекти, како реклами, така и филмови“ изјавија од Emote.
Прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите ќе се одржи на 21 септември во Лос Анџелес.
Проектот „Органска храна за сите“ е номиниран во конкуренција со проекти како „Dream Crazy” на Nike, кој инаку беше номиниран и за наградата „Еми“, потоа кампањата на Huawei со Гал Гадо снимана на Исланд и други.
Листата на сите номинирани, можете да ја погледнте на следниот линк: http://locationmanagers.org/6th-annual-lmgi-awards-nominees-announced/
Во продолжение погледнете ја рекламата која ја стави Србија меѓу најпосакуваните дестинации за снимање реклами.