Агенцијата Њу Момент Њу Идеас Компани од Скопје повторно е на самиот врв од креативната светска индустрија носејќи и на Македонија уште едно ново “лавче“ од најпрестижниот светски креативен фестивал Cannes Lions !
Кампањата “Црвен Телефон“ реализирана во март годинава за телевизија Телма избори свое место на победничкиот подиум помеѓу 1 969 проекти кои беа пријавени во категоријата “PR Lions” и освои “Сребрен лав“ – злато вреден :)
Сопственикот на Њу Момент, г-дин Сашо Пешев, во изјава за Маркетинг365 веднаш по доделувањето на наградата изјави : “Навистина сме горди на наградата и докажавме дека титаниумскиот лав не беше случајност. Ова е трет Кански лав за Македонија – што е навистина реткост во регионот ! “
Во продолжение погледнете ја студијата на случај за кампањата “Црвен Телефон“ :
Гранд При наградата во оваа категорија им припадна на MSL Group NY и Leo Burnett Toronto за кампањата за Procter & Gamble – Always “#Like A Girl”.
На овогодинешното издание на Cannes Lions, вкупно во сите категории беа пријавени дури 40 133 кампањи.