Еден од најмасовните интернационални креативни фестивали кои се оддржуваат во регионов, Голден Драм, заврши !
На синоќешната втора наградна церемонија на Голден Драм (првата се оддржа во средата), се доделија награди уште во 8 категории (Film, Press, Outdoor, Direct communication, Design of Brand & Corporate Identity, Innovative campaigns, Media и Integrated communication campaigns) и неколку специјални награди како финале на фестивалот.
Одличниот успех на Публицис Скопје во првата наградна вечер кога освои златна статуетка во категорија Односи со јавност (подкатегорија социјална одговорност) со својата кампања насловена како Alzheimer’s News Editors, се надополни и со освојување на сребро со истата кампања во категоријата Media (подкатегорија најдобра употреба на медиум).
Гранд При наградата во категоријата Media ја освои Geometry Global од Романија со својот проект насловен како “The RGB News“.
Њу Момент Скопје, на втората наградна церемонија исто така успеа да се запише во листата на овогодишни добитници освојувајќи сребро во категоријата Direct Communications (подкатегорија: дизајн за пакување за производ за масовна продажба) со својот проект “The good life“ за клиентот Пекабеско.
Гранд При наградата во категоријата Direct Communications ја освои агенцијата Voskhod од Русија, додека златна статуетка зеде агенцијата Demner, Merlicek & Bergmann од Австрија.