Уште малку па еден век. :) Убаво е да се слушне, а и да се одбележи, со голема среќа и задоволство, 97-миот роденден на брендот Кристал!
Прехранбената индустрија КРИСТАЛ 1923 АД Велес, познати под брендот Кристал кој се издвојува со долга традиција, продолжува да биде иновативен и да работи со уште поголем квалитет на своите производи, а ние, веруваме дека уште многу столетија ќе ги обожавате и ќе приготвувате за вас и за вашите семејства, вкусни јадења и на следните генерации.
Фабриката за масло од Велес е најстар капацитет за производство на масло за јадење во Северна Македонија, додека на Балканот и просторите на поранешна Југославија влегува во составот на трите најголеми индустриски капацитети кои до денеска работат успешно според пропишаните највисоки стандарди за квалитет. Традицијата на производствениот процес датира уште од 1923 година.
Продолжувајќи ја оваа традиција на производство на масло за јадење од маслодајни семиња, фабриката континуирано се проширува и технолошки се усовршува за производство, следејќи ги секогаш последните трендови во системите за квалитет.
КРИСТАЛ денеска располага со единствен капацитет во државава за складирање, чување и преработка на маслодајни семиња. Произведеното висококвалитетно масло за јадење го носи заштитниот знак „КРИСТАЛ“ кој говори за бистрината, чистотата и незаменливиот квалитет на овој и во исто време на сите производи на компанијата.
Во основните производи на фабриката покрај маслото за јадење спаѓа и маргаринот.
Процесот на производство на маргарини се одвива во посебен погон на компанијата, прилагоден со производна линија која поседува врвни технолошки перформанси за производство на разни видови на маргарини. Посебно обележје на производствената програма, дава незаменливиот маргарин во коцка „Кристал“ кој со децении е познат и чиј квалитет е традиционално признат од страна на потрошувачите. Маргаринот „Кристал“ е неизбежен во традиционалната македонска кујна, при подготвување на специјалитети, теста, солени и благи десерти.
Во оваа производна програма влегуваат уште трпезните маргарини: софт, диет, трпезен и маргарин за крем и колачи. Согласно барањата на пазарот во оваа програма влегуваат и индустриските маргарини за пекари, слаткари и лиснати теста.
Од 1999 година не случајно фабриката за масло „прераснува“ во прехранбена компанија, бидејќи покрај далеку познатата велешка таан алва таа станува производител на уште стотина разновидни производи за широка потрошувачка. Ориенталниот производ, поточно таан алвата, кој на овие простори доаѓа од Пакистан преку Турција како признат „кралски десерт“, велешките мајстори успеале да го оплеменат, прозведат и традиционално да го постават на домашните трпези. Традицијата на производство на алва е проследена и со локумот кој и денеска постојано се усовршува и збогатува, а до потрошувачите пристигнува во најразлични видови.
И до денеска традицијата овозможува парчето локум да го зголеми задоволството на пиење кафе. Но освен производство на ориенталните производи, со цел компанијата веќе пазарно ориентирана да ги задоволи потребите и барањата на потрошувачите постојано работи на усовршување на постоечките и воедно на производство на нови. Во широката палета се вбројуваат незаменливите желе бонбони кои ги засладуваат најмладите и квалитетно ги збогатуваат и украсуваат десертите. Во програмата на КРИСТАЛ се и кокос, сусам, какао, палента, како и останатите видови на зрнести производи.
Од новата палета на производи неизбежно треба се споменат трите видови на оцет – алкохолен, вински и јаболков. При подготовката на храната домаќинките веќе редовно го користат „Кристал ЕЛЕНКА зачинот“, кој изобилува со најразлични видови на сушен зеленчук, а производот си обезбеди свое место и во реномираните угостителски објекти.
Традицијата, квалитетот и доследноста кон барањата на потрошувачите не застануваат, како и развојот на производната програма не застанува овде, КРИСТАЛ чекори на патот да стане успешна компанија од европски размери.
Доколку сте верен потрошувач и обожавател на брендот Кристал заследете ги за сите новости на профилите на Instagram и Facebook.