Доаѓаме до крајот на уште еден циклус во нашето патешествие околу Сонцето. Некои ќе речат – ништо посебно. Но, оние кои се добро запознаени со маркетингот и воопшто со која било комуникациска наука, добро знаат дека човековото суштествување и организирање не би било можно без симболи, без семиотички процес. Знаците, симболите и воопшто зборовите имаат значење – имаат вредност!
Така и одбележувањето на Новата Година и Божиќните празници има свое значење и своја вредност! Тоа е симбол на Нов почеток, предвидлив ритуал кој внесува доза на спокој и сигурност во време на предизвици и тешкотии. Тоа е симбол на новата светлина, на новите можности, на новите радости и успеси!
Дел од предизвиците ќе ги оставиме на прагот, дел ќе ги пренесеме и преку него, но најважно од се’ – не смееме да застанеме! Како што не застанува ни Земјата околу Сонцето, нема да застанеме ни ние!
Затоа, да го искористиме ова време да си посакаме убави зборови, да се мотивираме, да се инспирираме, да ги наполниме батериите – ментални и физички – за да продолжиме напред во уште една Нова година!
Порака до маркетерите, креативците, медијашите, ПР-овците, дизајнерите, новинарите, комуникаторите, па и пропагаторите – до сите од нашата индустрија: Ви посакуваме успешна Нова година, исполнета со креативност, деловна ефективност, сила за успешно надминување на предизвиците и подготвеност за соработка!
Нека ни е Среќна Новата Година и во спокој да си ги дочекаме Божиќните празници!
Ние ќе бидеме тука и во следните 365 дена!
Да сте здрави и живи!
Од уредникот и тимот
на Маркетинг365