Каков свет на иновации е поврзан за новата ера на телевизијата и како United Grupa преку своите иновации, а пред се` EON smart box и апликацијата EON го модернизира регионалниот пазар. Преку конкретни анализи, Срѓан Ѓурѓевиќ, Research and Development Director United Group, на Direct Media Академија во рамките на Фестивалскиот ден на 30 мај, ќе ни ги прикаже промените во навиките на конзумација на телевизијата и како Machine learning и Artificial intelligence се користат во употребата на обработка на Тв содржините и metadata. Доколку сакате да дознаете кои ќе бидат главните иновации на телевизијата како медиум – ова е предавање кое не треба да се пропушти!
1.Вашето предавање во Direct Media Academy се занимава со телевизиските иновации. Кои се клучните технолошки моменти кои влијаеле на трансформацијата на телевизијата како медиум во последните неколку години?
Дефинитивно, еден од клучните моменти беше појавата на стриминг технологијата која овозможи дистрибуција на телевизиски содржини на уреди кои не се “ТВ во дневната соба” (телефони, таблети, лаптопи), но исто така и значајно го промени начинот на кој се гледа телевизија на таа иста заедничка телевизија во дневната соба. Предуслов за ова беше големата експанзија broadband интернетот, како фиксен така и мобилен, што овозможи целосно нов начин на испорака на содржини до корисниците, а потоа и масовноста на персоналните уреди, како паметни телефони и таблети, како и зголемената застапеност на смарт телевизори. Стриминг и дигитални технологии воопшто, овозможија практично да нема ограничувања на максималниот број на ТВ-канали кои теоретски би можеле да бидат испорачани до гледачите и во голема мера ги унапредија другите ТВ-сервиси, како што е можноста за одложено гледање на телевизиски содржини во живо и конзумација на содржина на барање (виртуелни видео-клубови). Широкиот екосистем на уреди преку кои се гледа телевизиската содржина истовремено ги отвори можностите за конзумирање содржини од различни извори со користење на соодветни апликации, но исто така го отвори и патот кон синергија преку употреба на персонализирани податоци за потребите и навиките на корисниците, така што секој корисник го добива токму она што го сака. Покрај тоа, не треба да го заборавиме ни се` поголемиот напредок во квалитетот на испорачани видео содржини: 4K/UHD резолуцијата е веќе тука, а новите технологии, како што се 8K и VR нудат уште поголем исчекор кон убедливо корисничко искуство и бришење на границите меѓу реалниот и телевизискиот свет.
2.Како се конзумира телевизијата денес во светот, а како кај нас? Што се промени во навиките на гледачите?
Начинот на живот од ден на ден станува се повеќе динамичен, што резултира со големи промени во навиките на гледање телевизија. Претходно, постоеше само можност за гледање на линеарна ТВ содржина и таа се гледаше на заеднички телевизор во дневната соба. Денес, со големиот пораст на употребата на мобилни уреди и забрзан начин на живот, како во светот, така и кај нас, стана неопходно ТВ-содржината да го следи овај тренд и да им понуди на корисниците можност за гледање телевизија на кој било уред, во било кое време и на било кое место. Исто така, можноста за гледање ТВ содржина која не се емитува во живо, во голема мера придонесе за промена во навиките на корисниците, но и подобрување на корисничкото искуство и со самото тоа, зголемена гледаност на содржината. Снимената live содржина (т.н. Catch-up или Timeshift TV) по гледаност на одредени жанрови на содржина, денес веќе ја надминува класичната програма во живо, додека за важноста на VoD (Video on demand) сервисот, виртуелните видео-клубови, најдобро зборува вртоглавиот успех на компаниите како Netflix, Hulu, DAZN, Amazon Prime, итн. Истовремено, содржината во живо останува подеднакво важна во пренесување на спортот, вестите и други документарни настани, кај кои се` повеќе ќе доаѓаат до израз содржините кои се пренесуваат во UHD и други формати кои нудат реалистично искуство.
3.На Direct Media Академија ќе зборувате за употребата на модерните технологии како Artificial Intelligence и Machine Learning во обработка на телевизиски содржини и metadata. Кој е крајниот резултат и целта на тие анализи?
Количината на содржини која е достапна за гледачите денес е навистина огромна. Помислете на стотици ТВ канали со десетици емисии секој ден, па уште на тоа додадете ги виртуелните видеотеки со илјадници филмови и серии, па кога сето тоа ќе го споредите со претходната генерација на гледачи, кои некогаш можеше да избира помеѓу вкупно неколку канали, не е чудно што денешниот гледач мора да се чувствува изгубено во ова море на содржини. Поради ова, денес веќе не е доволно само да се испорача оваа огромна содржина на гледачите, туку се јавува и потреба на секој поединечно да му се препорача она што најмногу одговара на индивидуалниот, личен вкус. Денес, корисниците губат многу време во потрага по посакуваната содржина рачно и затоа, важно е содржината да биде придружена со детална, збогатена metadata на податоци, така што, со користење на напредни технологии како што се AI и ML, овие огромни количини на содржина можат да се процесираат автоматски. Ова потоа ја отвора можноста дека со помош на напредни системи на препораки и пребарувања, на крајниот корисник му се заштедува време и му се испорачува персонализирана содржина на вистинскиот уред во вистински момент. Денешниот гледач бара содржината да му се „скрои по мерка“, затоа што со право очекува услуга во кое времето ќе го поминува гледајќи го она што го сака, а не барајќи го она што го сака.
4.United Grupa се смета за медиско-технолошки гигант во регионот. На кој начин и со кои услуги го модернизирате регионалниот пазар?
Да се биде лидер на пазарот е голема одговорност. Со цел да го одржиме овој статус,постојано ги следиме светските трендови кои се менуваат со голема брзина. Ова е еден од главните предизвици на нашиот центар за истражување и развој, кој во голема мера помага да донесеме иновации во регионот, но и пошироко. Отсекогаш сме се стремеле да бидеме први што се однесува до воведување на нови генерации на сервиси на нашиот пазар и на тој начин го достигнавме и статусот на гигант. Во некои ситуации, дури и отидовме чекор подалеку, им овозможивме на корисниците нешто сосема ново, а низ едукација го обликувавме пазарот. EON е лансиран на пазарот во рекордно време и во голема мера го промени и олесни гледањето телевизија кај нас, што може да се види од голем број регистрирани уреди на нашата платформа. Дефинитивно можам да кажам дека ни претставува задоволство да одиме во чекор со големите технолошки компании и заради тоа сме во позиција да му обезбедиме на нашиот пазар исто или дури и повеќе од она што во моментов се нуди во оваа индустрија.
5.Што досега се покажа како најдобар потег или иновација на вашиот тим за истражување и развој кога зборуваме за реакцијата на крајните корисници?
Можеме да кажеме дека EON е првиот и најважен производ кој е направен од почеток до крај во нашиот центар за иновации, United Cloud. Горди сме што нашиот производ, UX / UI и development тимови развија производ кој го развиваат и големите технолошки иноватори. EON ни овозможи да им ги обезбедиме светските трендови и технологии и на нашите крајни корисници во регионот. Ја трансформиравме телевизијата во една целосна дигитална средина и на тој начин направивме подлога за понатамошни иновации кои допрва доаѓаат.
6.Кои одлики и вештини треба да поседува еден иноватор во новата ера на технологијата?
Како што веќе споменав, технолошкиот пазар се менува на дневно ниво и доколку малку се опуштите, можете да ја изгубите позицијата на лидер. За да не дојде до тоа, неопходно е постојано да се иновира, користејќи различни техники кои потекнуваат од светот на иноваторите. На пример, агилен начин на работа и lean пристап во креирање на производи, како и валидирање на идеи и евалуација на самиот производ од страна на корисниците. Вистинските информации секако се од суштинско значење, а за да се дојдете навремено до нив, постојат неколку работи кои се неопходни. Постојаното следење на трендовите и истражувањата се од клучно значење, но треба да биде претпазлив и да не се биде заслепен од секоја иновација која се појавува некаде. Т.н. Data Driven Approach подразбира сериозна анализа на голема количина на податоци кои ни се достапни како технолошка компанија, со цел да се извлече заклучок во која насока треба да водат понатамошните иновации. Бидејќи иновациите кои одат во погрешна насока е трошење на ресурси и губење фокус во однос на вистинските работи. Нашите тимови постојано ги следат светските лидери, ги истражуваат навиките на корисниците и со помош на собраните податоци доаѓаат со нови идеи. Денес, корисниците се нетрпеливи – она што го сакаат, сакаат да го добијат веднаш и на што полесен начин. Исто така, блиската соработка со технолошките гиганти, ни овозможува да имаме пристап до најновите технологии, додека размената на искуства со големите глобални оператори ни дава можност за подобра продуктивност на сервисот.
Обезбедете ја на време својата котизација на www.directmediacademy.com