На фестивалот “Golden Drum” агенциската мрежа McCann за централна и источна Европа, во чии рамки работат и агенциите во составот на I&F McCann Grupa, втора година по ред е прогласена за најдобар комуникациски систем во овој дел на Европа.За освојувањето на ова значајно признание придонесоа и агенциите McCann Белград и McCann Тирана кои работат во рамките на I&F McCannGrupa освојувајќи една златна (Golden Drum) и две сребрени награди (Silver Drum).
По повод овој успех ,Срѓан Шапер, основач на “I&F McCann” групата ја даде следнава изјава:
“Наградата која McCann ја доби за најдобра агенциска мрежа во централна и источна Европа е потврда за квалитетот на работење на сите MCE агенции. Горд сум што кон тој успех придонесуваат и агенциите McCann Белград и McCann Тирана освојувајќи награди на Golden Drum фестивалот. Нашата визија е да бидеме најпосакуваниот комуникациски партнер и покрај најдобра услуга, да бидеме агенција чии кампањи се препознатливи по креативноста.”
Кампањата “Драма во такси” освои златна награда во категоријата Филм (ТВ, кино и онлајн) и сребрена награда во категоријата директни кампањи, а влезе и во финалето во категоријата за PR.
“Горди сме на успехот на кампањата “Драма во такси”. Storytelling или кажувањето на приказна е столбот на она што го правиме во секојдневното работење и кога ќе успееме со приказна да допреме до публиката и да разбудиме емоции, тогаш успехот е комплетен.” – кажа Оливера Перковиќ, генерална директорка на агенцијата “McCann Белград” и додава: “Во денешно време имаме две крајности: од една страна буџетски ограничувања и една пазарна динамика и неизвесност, а од друга страна неброено многу можности низ креативна употреба не медиумите и новите технологии. Заедно тоа создава едно добро време и поднебје за креативност.”
Покрај наградата за кампањата “Драма во такси” агенцијата McCann Белград со инвоативниот и забавен outdoor оглас “Pillar Workout” за синџирот фитнес клубови “FitCurves” влезе во финале во категоријата Outdoor.
Агенцијата McCann Тирана пак, која исто така работи во рамките на I&F McCann Grupа, освои сребрена награда (Silver Drum)во категоријата настани, за кампањата „Ги почитуваме и живите“ посветена на подигнување свесност за безбедност во сообраќајот и е прва агенција од Албанија која добива награда на “Golden Drum”.
Фестивалот Golden Drum во Порторож е еден од најважните фестивали за огласување во регионот на кој традиционално учествуваат најдобрите светски агенции. Оваа година е одржан по дваесет и први пат во организација на Словенечката огласувачка комора. На фестивалот учествуваа 30 агенциски мрежи и 291 агенција од 24 држави кои пријавиле вкупно 1220 проекти.
Трите спота на наградената кампања “Драма во такси” можете да ги погледнете на следните линкови:
Драма во такси – Понапнато отколку кај Шекспир:
https://www.youtube.com/watch?v=0Hb9ng5jLrs
Драма во такси – Достоевски на белградските улици :
https://www.youtube.com/watch?v=VlkcsEf3lrQ
Драма во такси – Венецијанска одмазда на српски начин:
https://www.youtube.com/watch?v=8Wl8KSbO_pQ
Наградената кампања „Ги почитуваме и живите“ можете да ја погледнете на линкот:
https://www.youtube.com/watch?v=WSGoj0zNPo4
„I&F McCann Grupа ” е една од водечките комуникациски мрежи во југоистична Европа која успешно работи во осум земји: Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска, Словенија и Бугарија. На меѓународните, регионалните и локалните клиенти им обезбедува најквалитетни стратешки и креативни решенија за развој на нивните брендови, преку сите канали на комуникација. Агенциите кои работат во рамките на „I&F McCann Grupа” се дел „McCann Worldgroup“ (www.mccannworldgroup.com), една од најголемите меѓународни мрежи која денес работи со повеќе од 120 земји во светот, со традиција долга 111 години и која работи во рамките на „Interpublic Group (IPG)“ (www.interpublic.com), најстарата американска мултинационална комуникациска корпорацијасо седиште во Њујорк.