Светски познатиот моден бренд ESPRIT воспостави партнерство со српската агенција DRV, овозможувајќи ѝ активно да придонесе за неговото враќање на северноамериканскиот пазар.
Овој иконичен бренд, познат по своите шарени дизајни, преголеми дуксери и препознатливото тројно лого „Е“, отсуствува од северноамериканскиот пазар со децении.
Меѓутоа, ESPRIT неодамна започна целосна кампања за освежување на брендот и се врати на северноамериканскиот пазар. Агенцијата DRV со гордост се приклучи на овој проект, преземајќи ја улогата на партнер во повторното лансирање на брендот. Агенцијата се занимава со целосно редизајнирање на веб-страницата, креирање пролетни и есенски кампањи со сосема нов естетски пристап, како и многу други креативни иницијативи.
„Малку е да се каже колку сме горди и возбудени поради можноста да соработуваме со ESPRIT, еден од најпрепознатливите брендови во светот на модата“, изјави Данка Трбојевиќ, управен директор во во агенцијата DRV. „Во изминатите месеци учествувавме во ревитализацијата на овој бренд и постигнавме значителен успех со кампањата за сезоната пролет/лето. Имавме чест да креираме реклами за некои од најпрестижните светски списанија, како VOGUE, Cosmopolitan, Elle, GLAMOR , Hello!, L’OFFICIEL:Trim итн. Она што е исто така доста импресивно се решенијата за познатиот Хадсон Јардс во Менхетен, кој е културен и трговски центар на Њујорк. Би ги издвоила и решенијата за брендирање на POP UP продавници во Њујорк и Лос Анџелес. Со нетрпение ја очекуваме и есенската кампања“ – додава Трбојевиќ.
ESPRIT ќе биде глобално креиран, дизајниран, осмислен и фотографиран во срцето на Њујорк, од каде што ќе се шири низ светот. Тимот на агенцијата DRV е исклучително возбуден поради ова партнерство и учество во креирањето на модернизирана верзија на брендот што внесува свежина и иновации на модниот пазар.