(РЕГИОН) – Одговорните професионалци, покрај тоа што мислат најпрво како да си го развијат својот бизнис, размислуваат и како континуирано да ја развиваат својата индустрија и како да создаваат нови “колеги“, бидејќи луѓето ја прават индустријата, а без индустрија која се развива, сечиј бизнис стагнира.
Ете затоа постојано “трубиме“ дека треба да се инвестира време и конечно во Македонија да заживеат организациите кои се формирани да ја развиваат нашата маркетинг инндустрија или нејзините сегменти. Ако некој Ве праша што треба да прават, најпрво може и да погледнат наоколу во регионот како другите сродни индустрии и организации кои имаат подолга традиција се организираат. Редовно на Маркетинг365 пренесуваме такви информации од регионот, а еве и уште една во продолжение.
Српскиот огранок на Интернационалната Асоцијација на Адвертајзери (IAA), деновиве го најави новиот едукативен проект насловен како AdacemIAA кој ќе стартува на 2 септември и ќе трае до 10 декември годинава. Учесниците ќе имаат можност да чујат предавања и да учествуваат во работилници на повеќе од 70 стручњаци во областа на маркетинг комуникациите.
Тримесечната програма опфаќа шест модули (бизнис, креатива, дигитал, медии, истражувања и тнр. All Stars). Секој модул трае во просек 14 сати севкупно. Ваквата содржина има за цел на посетителите да им овозможи сеопфатни знаења од областа на маркетинг комуникациите.
Секој модул има свој координатор а тоа најчесто се првите луѓе во менаџментот, акаунт директорите или креативните директори од некои од водечките српски агенции.
Како би постоеле квалитетни услови за работа, вкупниот број на учесници кои ќе може да бидат дел овој проект нема да надмине 30.
Јелена Ивановиќ, извршната директорка на IAA Србија, вели дека ова е најамбициозниот и наобемен проект на оваа асоцијација во областа на едукацијата: “IAAСрбија“ со оваа програма прави голем чекор кон нашето мислење не само за асоцијацијата, туку и за целата професија во Србија. Идеата ни е да го искористиме нашето знаење и искуството на нашите членови, али и другите професионалци на овдешниот пазар и пошироко. Програмата е навистина можност да се учи од најдобрите и најуспешните, а за тоа оваде постои голема потреба. Гледајки долгорочно, најдобрите резултати се постигнуваат преку вложување во кадри, посебно во оние за кои сметаме или посакуваме да бидат носители и столбови на нашата професија во блиската и нешто подалечната иднина“
Повеќе информации за оваа програма, содржината, предавачите и цените за заинтересираните може да се најдат на academiaa.rs и www.facebook.com/AcademIAA