Српскиот магазин Marketing Mreža ги анализираше и објави резултатите од работењето на агенциите за пазарни комуникации во Србија за 2024 година.
По деловно успешната 2022 и падот на нето-добивката во 2023 година, под влијание на инфлацијата, изминатата година донесе и намалување на деловните приходи кај голем број агенции за пазарни комуникации во Србија. Пад бележи и бројот на вработени во овој деловен сегмент.
MMS COMMUNICATIONS / PUBLICIS ONE се наоѓа на врвот на листата според деловен приход и на петтото место според нето-добивка. Според податоците што редакцијата на Marketing Mreža ги доби од оваа агенција, уделот на креативните агенции во вкупниот приход во 2024 година изнесувал 33,08%, односно околу 1,71 милијарди динари (околу 14,58 милиони евра). Бројот на вработени во медиумскиот сегмент на бизнисот изнесувал 80. Исто така, треба да се напомене дека во Агенцијата за стопански регистри на Република Србија, MMS Communications е регистрирана како правно лице во рамките на кое функционираат седум подружници, меѓу кои и агенциите Leo Burnett и Saatchi & Saatchi.
На второто место според деловен приход се наоѓа агенцијата NEW MOMENT NEW IDEAS COMPANY. Оваа агенција во 2024 година забележала раст на деловниот приход од 5,66%, но и значителен пад на нето-добивката од 67,12%. Бројот на вработени е намален за 2,78%.
На третото место според деловен приход за 2024 година се искачи агенцијата MCCANN BEOGRAD. Оваа агенција во 2024 година остварила раст на деловниот приход од 27,87%, стабилен раст на нето-добивката од 60,08% и пад на бројот на вработени од 4%.
Четвртото место според деловен приход му припаѓа на FULLHOUSE OGILVY, која во 2024 година забележала раст на деловниот приход од 13,68% и пад на нето-добивката од 13,65%. Бројот на вработени пораснал за 14%.
Петтото место според деловен приход го зазема агенцијата OVATION BBDO, која забележала раст од 44,84%. Нето-добивката е намалена за 10,52%, а бројот на вработени останал на исто ниво.
Во Топ 10 агенции според деловен приход за 2024 година се најдоа и агенциите: STUDIO NEXUS, MEDIA TREE, EXECUTIVE GROUP, CHEIL CENTRADE ADRIATIC и SMART VISION.
Во Агенцијата за стопански регистри на Република Србија се регистрирани вкупно 129 правни лица кои примарно се занимаваат со пазарни комуникации (нудејќи, пред сè, услуги на интегрирани комуникации). Вкупниот деловен приход на агенциите за пазарни комуникации во 2024 година е намален за 6,77%, додека нето-добивката е зголемена за 39,96%. Бројот на вработени во агенциите за пазарни комуникации е намален за 6,75%.
Извор: Marketing Mreža