Порталот „Bored panda“ ги пренесува неконвенционалните дела на македонскиот графички дизајнер и уметник Зоран Кардула. Во овој безвременски серијал, тој ги комбинира познатите плакати од „Војна на ѕвездите“ и спомениците од Југославија, дел од бруталистичката архитектура.
„Секогаш сум ги замислувал овие споменици како дел од сцените на „Војна на ѕвездите” и дури верувам дека спомениците биле и инспирација за филмските серии. Оваа комбинација може да ги запознае младите со нашите историски знаменитости, кои, за жал, не им се познати.
Како инспирација јас илустрирав некои познати постери на Војна на ѕвездите кои ги комбинираа моите илустрации за југословенските споменици“, вели Кардула.
Слики: Зоран Кардула
Извор: Bored panda