За својата најнова кампања, платформата за онлајн трговија eBay се реши да создаде серијал од видеа во кои „Старата“ и „Новата школа“ разменуваат мислења и искуства за стилот и модата.
Претставник на „Старата школа“ е модната икона Ирис Афел, додека пак раперот Лил Јахти ја застапува „Новата школа“. Парто се разликува по полот, расата, професијата и возараста – Ирис пред некој ден наполни 100 години, а Јахти има само 24. Меѓута, двајцата се обединети во нивната љубов кон модата.
Во првата епизода од серијалот насловен “Old School Meets New School”, Ирис Афел и Лил Јахти разговараат за часовници и како сакаат да ги носат или комбинираат, при што главното прашање е дали сакаат да носат по повеќе часовници на рака, како Паско Кузман.
Следните епизоди од серијалот ќе бидат објавувани постепено.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција The Many и продукциската куќа Los York.