Од Starbucks Corp изјавија дека ќе ги затворат своите 130 продавници во Русија и ќе го напуштат рускиот пазар после речиси 15 години поради војната со Украина
Кафе-гигантот со седиште во Сиетл ги информираше своите вработени на 23 мај дека ќе го затвори својот бизнис во Русија, иако компанијата ќе продолжи да им плаќа на своите речиси 2.000 руски работници за шест месеци за да им помогне додека бараат нови работни места.
„Старбакс донесе одлука да излезе и брендот повеќе нема да има присуство на пазарот“, се вели во соопштението на компанијата. Во март таа најави прекин на операциите поради инвазијата на Украина од страна на руските сили.
Десетици големи меѓународни компании од широк спектар на дејности ја напуштија Русија откако ја започна војната против Украина на 24 февруари.
На 19 мај, Мекдоналдс објави дека потпишал договор за продажба на својот бизнис во Русија на локален носител на лиценца, кој ќе го преземе целото портфолио на глобалниот гигант за брза храна и ќе управува со рестораните под нов бренд.
Старбакс работи во Русија од 2007 година.