Онлајн платформата за фриленс работа Upwork ја отпочнува „страшната празнична сезона“ пред „Ноќта на вештерките“ со лансирањето на хумористична реклама во која се пее и танцува за тоа како старите начини на работа се мртви – буквално.
Во рекламата насловена “This is How We Work Now” („Вака работиме сега“) го гледаме враќањето на мртвиот директор Џек во форма на зомби, за време на компаниски состанок, на големо неверување на неговите поранешни соработници.
Џек, чие тело се распаѓа, потоа почнува да образложува дека работата во канцеларија од 9 часот наутро до 5 часот попладне е застарена, па дури и дека некои работни позиции се целосно старомодни.
Пораката е: дури и ако некоја идеја функционира добро со години, тоа не значи дека не може да се подобри или ажурира за да одговара на модерното време.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Alto и продукциското студио Smuggler.