„Стартап Клуб Скопје“, првиот македонски клуб за стартап идеи, ги отвори вратите на својот нов креативен и мултифункционален простор. Место за остварување на идеите на сите млади претприемачи, co-working простор за сите фриленсери и простор за одржување настани од стартап и бизнис задницата.“
Првиот македонски клуб за стартап идеи „Стартап Клуб Скопје“ ги отвори вратите на својот нов, модерен, креативен и мултифункционален простор достапен за сите иноватори и идни претприемачи.
„Ми претставува особена чест и задоволство што конечно се реализираше идејата да го создадеме овој простор за целата стартап заедница, сите креативци, иноватори, фриленсери и претприемачи. Ова за „Стартап Клуб Скопје“, како и за целата заедница, претставува почеток на едно ново поглавје од кадешто се надеваме дека ќе прозилезат првите „Unicorns“ од Македонија. Покрај развојот на нови стартапи, овој простор ќе им послужи и на фриленсерите и организациите кои сакаат да работат и разменат искуства, но и на сите оние кои посакуваат да ги организираат своите настани со капацитет до 120 луѓе“ – вели Сашо Јовановски, претседател на „Стартап Клуб Скопје“.
StartUp Club Skopje е со површина од 200 м2 и се наоѓа во склоп на Среќа Бар, во зградата на Американ Колеџ (Аеродром). Модерно и креативно уредениот мултифункционален простор е новото co-working место во Скопје за сите креативци, фриленсери и претприемачи и ќе може да се користи потполно бесплатно. Просторот е идеален за настани, работилници и за конференции со капацитет до 120 луѓе, но и за работа, оддржување на состаноци во конференциска соба или малите подови – ни споделија организаторите.
На располагање е голема конференциска соба како и мали подови кои ќе служат за повици.
„StartUp Club Skopje & Srekja Bar од почетокот и до ден денес ни се поддршка за секоја хуманитарна акција и многу ми е мило што сега и официјално канцелариите на Ways2Help се наоѓаат токму во овој простор. Досега имав можност да го видам овој простор за време на NASA Space Apps, Работилница за фриленсерство, и допрва и за време на Ways2Help хакатонот. Овој простор за нас е идеален и не се сомневам дека ќе биде уште само еден поттик на сите со идеи да дојдат и да ги реализираат своите идеите со помош на менторска и финансиска поддршка“ – вели Моника Ризовска Таневска, ко-основач на Ways2Help и амбасадор на Women in tech Macedonia.
помина отворањето на новиот простор на „Стартап Клуб Скопје“. Веселата и позитивна енергија и желбата за креирање иновативни стартап бизниси ја одбележаа оваа значајна вечер за стартап заедницата!
„Со отварањето на овој простор конечно ќе го пополниме јазот кој се појави во нашиот статап екосистем и ќе започнеме една нова ера во нашата стартап заедница. Низ изминатите години се појавија неколку акцелератори и фондови за мендотска и финансиска поддршка, но се изостави еден клучен фактор, а тоа е простор и програма кој ќе создава стартапи. Во меѓувреме се поголем број на луѓе започнаа да работата самостојно како „фриленсер“, па оттука како никогаш досега не сме имале по поволна клима за вмрежување и здружување на знаењата и искуствата. Едноставно ги имаме сите фактори за успех!“ – вели Крсто Златков, ко-основач на Стартап Клуб Скопје.
Стартап Клуб Скопје (СКС) е првиот инкубатор од овој вид во нашата држава што нуди поддршка, менторство и пристап до инвестиции на сите идни претприемачи со иновативни стартап идеи. А, она што го издвојува од останатите заедници од овој вид, е мрежата за соработка (networking) која што ја нуди – соработка со останати надворешни соработници, фриленсери и стартапи, секогаш достапни за поддршка и споделување искуство за позитивно претприемништво.
Заследете ги профилите на „Стартап Клуб Скопје“ (Facebook, Instagram и LinkedIn) и бидете меѓу првите коишто ќе ги дознаваат новостите.
Погледнете дел од атмосферата од отварањето на СКС.
Фотографии: Александар Ристовски
Реализирањето на оваа идеја е овозможено благодарение на соработката со happiness.marketing и Импакт Фондација, во партнерство со Ways2Help.