Стартапите можат да бидат движечка економска сила за една држава. Во последно време сведоци сме на “стартап треската“ која го зафати секој град, на секоја држава во светот. Многу млади луѓе се одлучуваат да започнат свој бизнис, инспирирани од успешните приказни кои се врзани со стартап-ите. Со цел да научиме повеќе за многуте аспекти на претприемачкиот живот во 21 век, Startup Europe Week, ни нуди уникатна можност– #SEweek16 од 1 до 5 февруари во Скопје.
Во текот на оваа недела локални претприемачи и засегнати страни во повеќе од 40 европски држави и 200 градови низ Европа, ќе се вмрежат, ќе дискутираат за можности за стартапи, како и за тоа како ЕУ може успешно да влијае на претприемачите од овој регион. Кога станува збор за отпочнување на бизнис во Европа, можеме да забележиме регионална разновидност и тоа дека креирањето на локалната политика игра голема улога во обликувањето на европската стартап сцена. Европските региони се клучни играчи, да им помогнат на претприемачите да стартуваат бизнис, но и во делот за обезбедување на грантови, во делот за даноци итн…
На иницијатива на DigitalAgendaEU со поддршка на Европската Комисија, StartUp Europe Week доаѓа во Скопје, со помош на локалните ко-организатори: Нина Николиќ, (претставник на StartUpSelfie и Brainster) Зоран Настески (претставник на Inception Enterprise), Игор Маџов (претставник на NewMan’s Business Accelerator), Илија Вучков (претставник на EMKICE); Јулиа Мицевска (претставник на CoSeed и MadiGroup) и Миле Бошков (претставник на Бизнис Конфедерација на Македонија).
Што ќе се случува во текот на првата недела на февруари во склоп на SEWeek Skopje?
Проверете ги различните настани на кои може да присуствувате, без трошоци, со претходна резервација:
- февруари – Можности за финансирање од ЕУ за претприемачи, стартапи и приватен сектор: https://www.amiando.com/sew-skopje.html?page=1333941
- февруари – Ноќ за вмрежување на стартап основачи: https://www.amiando.com/sew-skopje.html?page=1334104
- февруари – Бизнис Иновативни Центри и бенефитите за мали и средни претпријатија: https://www.amiando.com/sew-skopje.html?page=1327933
- февруари – Поддршка за МКстарт-ап заедницата: https://www.amiando.com/sew-skopje.html?page=1334105
Регистрирајте се денес, бидејќи билетите се ограничени по настан и дојдете заедно да го прославиме стартап-скиот начин на живот!