Пред неколку дена стартуваше кампањата за електронскиот портал Uslugi.gov.mk – кој на едно место ќе обезбеди пристап до сите услуги на државните институции.
Интегрираната кампања која е спонзорирана од USAID е дело на Glitch Agency и таа вклучува комуникација преку ТВ, радио, Билборди, Автобуси, Социјални медиуми и други алтернативни канали.
Електронскиот пристап преку Uslugi.gov.mk треба да ги олесни условите за граѓаните, како и за бизнисмените на кои им се потребни брзи и ефикасни институции за олеснување на нивното секојдневно работење. Порталот е достапен на македонски, албански и англиски јазик и има модерен интерфејс со прегледен приказ на менијата и податоците.
Како дел од кампањата се креирани и повеќе кратки видео реклами кои на забавен начин ги пресликуваат апсурдните ситуации кои се случуваа досега со користењето на услугите од државните институции и акцентираат кои проблеми ќе бидат надминати со Uslugi.gov.mk.