Ако се верува на резултатите од најновото истражување на Ipsos Mori спроведено врз 2000 Британци, во рекламните пораки најубедливиот начин кој ја зголемува довербата на публиката кон една реклама, е ако тврдењето за “квалитетниот“ производ во рекламата е поддржано и со статистика која ги потврдува квалитетите и исклучителноста на производот.
Ваков одговор дале дури 57% од испитаниците кои овојпат целосно го срушија митот за успешност на рекламата ако производот се препорачува од славна личност, опција на која “веруваат“ само 1% од испитаниците.
Потврдата за квалитетот на производот која доаѓа од трета страна (организација која има доверба кај публиката) е исто така добра опција да се вклучи во една огласувачка порака.
Брендовите кои сеуште користат славни личности кои “го фалат“ производот, треба да се замислат дали ќе продолжат со истата стратегија кога ќе ја видат табелава подолу: