Многумина сакаат да штедат, но истовремено да имаат слобода да располагаат со своите пари кога ќе им затребаат. Традиционалните орочени депозити често носат ограничувања, што создава дилема – како да се зачуваат средствата и да се добие камата, а да се задржи и флексибилноста? Понекогаш, можеби ќе сакате да додадете повеќе средства на вашата штедна сметка, а некогаш ќе ви бидат потребни дел од заштедените пари. Kaj класичните депозити, ова најчесто не е возможно, но постои решение кое го надминува овој проблем.
Со Флекси депозит на Халкбанк можете да штедите без да ги ограничите можностите за располагање со вашите пари. Овој депозит овозможува уплата и повлекување на средства во секое време, при што каматата се пресметува пропорционално на периодот на орочување. Ова значи дека средствата остануваат достапни кога ви се потребни, без целосно да се изгуби приносот.
Депозитот може да се отвори во експозитурите на банката, во денари или евра, со минимален износ од 30000 денари или 500 евра. Нема ограничување за максимален износ на вложување, а можноста за дополнителни уплати и делумни исплати дава дополнителна флексибилност. Каматната стапка е фиксна во моментот на склучување на договорот, а исплатата на каматата се врши на крајот на договорениот рок од 12, 24 или 36 месеци. По доспевањето, депозитот не се реорочува автоматски.
Средствата можат да се дополнуваат или повлекуваат преку шалтерите на банката, електронското банкарство или со траен налог. Доколку во одреден момент ви се потребни средства, можете да ги повлечете, сè додека не го намалите депозитот под минимално дозволениот износ. Во случај на предвремено раскинување, каматата се пресметува според условите за депозити по видување.
Овој начин на штедење овозможува финансиска сигурност, но истовремено и флексибилност во управувањето со средствата. Наместо да се ограничувате со фиксни орочени депозити, Флекси депозит ви овозможува да ги приспособите вашите заштеди на вашите потреби.