Технолошкиот бренд Apple објави нов рекламен спот под наслов “Miss You” („Ми недостигаш“), чија цел е промоција на енергетската издржливост на новиот паметен телефон iPhone 15 Plus.
Во спотот се прикажува анимиран штекер кој ја пее песната „Way Too Long“ („Премногу долго“) од Доу Бој и тажи по деновите кога имал почест контакт со паметните телефони, кога им било потребно почесто напојување. Меѓутоа, сега, со новиот ајфон кој има „дооооолг батериски живот“, тој се чувствува осамен, односно чувствува дека ја загубил конекцијата со својот сакан телефон.
Според Apple, батеријата на iPhone 15 Plus овозможува 26-часовен плејбек на видео, односно 100 часовен плејбек на аудио, со само едно полнење.