Пивскиот бренд Stella Artois лансираше нова кампања со која го охрабрува луѓето на позитивно „дневно сонување“ – да ги замислат и да почнат да ги живеат идеалните верзии на самите себе.
Насловена “You’re Never Too Far From The Life Artois,” кампањата ги поттикнува луѓето да го извлечат најдоброто од своите домови во оваа стресна карантинска година и да уживаат во летото без разлика каде и да се.
Дел од кампањата на Stella Artois се повеќе познати личности, меѓу кои и Ева Лонгорија, Лијев Шрајбер и Блејк Грифин, кои танцуваат и пеат во своите домови, на покривите и низ улиците.
Кампањата е создадена со помош на агенцијата Pereira O’Dell, а режисер на носечката реклама е Пол Хантер. Рекламата е проследена со преработена верзија на песната “Daydream” од американскиот рок бенд Lovin’ Spoonful од 1966 година, овој пат во изведба на М. Вард и Алија Фарах.