Со цел да ја предизвика широко распространетоста култура на јадење брза храна, пивскиот бренд Stella Artois го најави отворањето на уникатен поп-ап ресторан во Канада кој што ќе се вика The Stella Artois Dine-Thru.
Според брендот, Канаѓаните на возраст од 18 до 34 години многу често се одлучуваат за брза храна. Многумина од оваа возрасна група се притиснати од времето во нивните натрупани работни распореди, па дури 30% од нив ги консумираат купените оброци во движење, често сами.
Имајќи го на ум овој увид, Stella Artois сака да ги поттикне луѓето да ги преиспитаат своите навики за јадење – да се оддалечат од консумирањето на нездрава брза храна во όд, а наместо неа да се посветат на добро зготвени оброци во друштво на своите блиски.
Новиот „Dine-Thru“ ресторан ќе нуди специјално курирано мени од истакнатиот канадски готвач Лоран Дагенаис, нудејќи унапредени варијанти на класичните типови брза храна.
Гостите ќе имаат можност да останат еден час во ресторанот со цел мирно да уживаат во уникатно кулинарско искуство. Притоа, ресторанот воведува неконвенционален начин на плаќање – наместо готовина или картички, гостите едноставно можат да заменат кој било стандарден купон од брендовите за брза храна со цел да добијат вкусен оброк по свој избор, заедно со бесплатно пиво Stella Artois.
„Статистиката покажува дека во последниве години, темпото на модерниот живот предизвика многумина да им дадат приоритет на брзината и едноставноста за време на оброците. Како резултат на тоа, луѓето често губат драгоцено време поминато на заеднички оброк. Stella Artois Dine-Thru е наменет да ги потсети луѓето да го забават темпото и да уживаат – не само во квалитетна храна, туку и квалитетно време со најблиските“ – објаснува Мајк Баском, виш маркетинг директор во Stella Artois Canada.
We’re cooking something up. Tag a friend who would love a free dinner with a Stella Artois. pic.twitter.com/gSl9kG80gP
— Stella Artois 🇨🇦 (@StellaArtoisCAN) July 31, 2023