Пивскиот бренд Stella Artois ја објави својата прва божиќна кампања после пет години, поканувајќи ги луѓето на интимно уживање во празничниот дух.
Рекламата е создадена во истиот, сега веќе препознатлив стил на анимација која ја има воспоставено брендот, а влече инспирација од туристичките постери од средината на минатиот век. Спотот прикажува еден пар кој заеднички ужива во божиќниот оброк со чаша Stella Artois, нивното куче и грамофонот кој свири во позадина.
Видеото е пропретено со преработена верзија на песната “La Vie En Rose” од Celeste, која одлично го зацврстува чувството на топлина и удобност во домот, наспроти снежниот пејсаж надвор.
Според Рута Амбрасит, бренд менаџер на Stella Artois за Обединетото Кралство, новата реклама ја испраќа пораката дека она што го прави Божиќ посебен не е тоа колку сме, туку со кого сме, додавајќи дека „во срцето на кампањата како целина е идејата да бидеме сигурни дека времето поминато заедно е добро поминато време – создавајќи божиќни спомени на кои драго ќе се сеќаваме и приказни кои ќе сакаме да ги прераскажуваме кога ќе се сретнеме повторно.“
Рекламата е создадена од креативната агенција Mother London и всушност претставува продолжение на глобалната кампања “The Life Artois“.