Во пресрет на локалните избори кои во Македонија ќе се одржат овој октомври, политичарот и актуелен градоначалник на општина Карпош, лансираше мобилна апликација преку која овозможува непосредна комуникација со него и неговиот тим.
“Следејќи ги светските трендови, градоначалникот на Општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски ќе биде постојано online и преку оваа апликација за паметни уреди. Граѓаните, освен што побрзо ќе бидат запознаени со сите случувања и настани во Општина Карпош, самата апликација им нуди можност да пријават проблем на кој надлежните општински служби навремено ќе реагираат“ – информираат од општината.
Апликацијата засега е достапна само за корисниците на андроид смарт телефоните и може да се најде на Play Store на следниов ЛИНК.