(РЕГИОН) – „McCann Белград” ја реализираше уникатната кампања на Самостојната занаетчиска работилница за изработка на вратоврски„Мaskot”, со семејна традиција на рачно изработување машки вратоврски и лептир машни долга 80 години, и за прв пат во Србија на улиците во Белград постави рачно насликан билборд.
Водени од идејата дека „ рачната изработка” е нешто што полека изумира, а вредно е да се зачува, како главен елемент на кампањата, креативниот тим на агенцијата „МcCann Белград“ го осмисли и реализира единствениот, уникатен, рачно насликан билборд, поставен во непосредна близина на Бизнис центарот “Ушче”, каде потрошувачите меѓу останатото имаат прилика на едно место да купат производи од големи мултинационални брендови.
Кампањата е осмислена за еден ден – после посетата на работилниците и разговорот со господин Зечевиќ, членовите на тимот за стратешко планирање направија креативен состанок, а потоа тимот од искусни креативци ги осмисли и реализира главните елементи на кампањата, после што се презентирани идеите од производителите на познатите вратоврски од Нушичевата улица, кои не можеа да го сокријат своето воодушевување од креативните решенија:
„ Драго ми е што младите луѓе од агенцијата „McCannБелград“ ја препознаа вредноста на старите, традиционални работилници и дека ќе се потрудат да смислат креативна кампања која се надевам дека ќе го сврти вниманието на она што во конкретниов случај работиме јас и мојата фамилија скоро цел век.За жал, во Белград има се помалку работилици како што е нашата, но јас искрено се надевам дека ваквите иницијативи ќе помогнат тие да се одржат во работа, во време на потрошувачко општество и масовно производство“.
Билбордот е насликан рачно, со сликарска техника, како што е изработена и вратоврската, од страна на Лидија Миловановиќ и Ненад Додиќ од агенцијата „МcCann Белград“.
“Нашата цел беше афирмација на вредноста на рачно изработените производи и семејното занаетчиско работење како нераздвоен дел од белградската традиција и историја. Сите знаеме дека рачно изработените производи се наспоредливо поуникатни, поинтересни, поавтентични, но и поквалитетни, од оние кои се сериски произведени. Затоа беше логично и нашите визуелни решенија да бидат рачно изработени. Работата на рачно изработениот билборд, беше единствена прилика да внесеме дел од себе во својата работа и на комуникацијата да и дадеме личен печат”, изјави Лидија Миловановиќ, Senior Art Director во агенцијата „McCann Белград“.
Агенцијата „McCann Белград“ ја препозна потребата да и помогне на Самостојната занаетчиска продавница, со семејна традиција на рачно изработување машки вратоврски и со реализацијата на pro bonoкампањата „Стил со став Белград“ докажа дека за неа не постојат „мали” и „големи “ клиенти, туку дека со својот пристап кон работата, вистинските идеи и посветеноста на младите професионалци кои работаат во неа, ги поместува границита на креативноста не само во Србија, туку и во регионот.
Тимот на агенцијата „McCann Белград“ кој работеше на реализација на кампањата е: Катарина Прибичевиќ, Strategic Planning Director, Владимир Чосиќ, Creative Director, Милена Квапил,Associate Creative Director, Лидија Миловановиќ, Senior Art Director, Неманја Станковиќ, Copywriter, Ненад Додиќ, Art Director, Милош Станковиќ, New Business Manager и Дејан Иванов, BTL Producer.