Како Алберт Ајнштајн ќе помогне во промоција на зачувување на енергијата во Велика Британија?
Што би рекол Алберт Ајнштајн за денешната технолошка револуција? Или обидите да се контролира потрошувачката на енергија?
Smart Energy GB даде одговор на ова прашање во новата, паметна рекламна кампања во која е прикажан таткото на модерната физика како седи во својата када, воодушевен од едноставноста на дигиталната технологија. Тој користи мобилен телефон и објавува содржини на социјалните мрежи, пред да го искаже своето мислење за употребата на паметни дигитални броила за зачувување на енергијата и околината. Кампањата е дел од движењето „Придружи се на енергетската револуција“.
“Ајнштајн е совршен избор за кампањата бидејќи тој беше„ голем амбасадор“ на модерната технологија“, изјави Крис Тагарт, директор за маркетинг во компанијата Smart Energy GB.
„Се надеваме дека гледачите ќе уживаат во генијалноста и хуморот кои што ги оживеавме за оваа кампања“, додаде Тагарт. „Тој нè потсетува на фактот дека прифативме паметна технологија во сите сфери од нашите животи, но и дека нашиот енергетски систем е исклучително заостанат. Исто така, ја потсетува британската јавност дека паметните броила ќе помогнат во модернизацијата на националниот енергетски систем и ги охрабрува сите граѓани да инсталираат вакви броила и да обезбедат енергија во иднина “.
Кампањата е креирана во соработка со агенциите AMV BBDO и Gravity Road, продукцијата е на компанијата The Mill, а медиумското лансирање го направи компанијата PHD. Кампањата во Велика Британија првенствено беше емитувана на ТВ и Јутјуб во средината на април, пред целосно да се емитува на сите канали на 28 април.
Личните права на Алберт Ајнштајн се користат со дозвола на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, застапен исклучиво од страна на Гринлајт.