Како што коментарите за Олимпијадата во Рио се стишуваат, така вестите од светот на славните продолжуваат со “полна пареа“.
Во понеделникот, Speedo USA најави завршување на соработката со пливачот Рајан Лохте (Ryan Lochte) . Ралф Лорен (Ralph Lauren), Синерон Кандела (Syneron Candela) и Airweave исто така ги укинаа спонзорствата со Лохте.
Дел од изјавата на Speedo:
“Додека ние уживавме во заедничката победа со Рајан за околу една декада, тој беше многу важен член на тимот на Speedo, па не можеме да го осудуваме однесувањето кое е во спротивност со вредностите на овој бренд“.
Приказната која замина во лоша насока
Лохте и три други Американски пливачи вандализираа бензинска пумпа во Рио за време на Олимписките игри. Лохте навистина претерал кога кажал дека тој и неговите придружници биле ограбени под закана со пиштол.. И што е уште полошо тој ја кажал оваа лага на мајка му, бразилската полиција, и Олимпискиот комитетот на САД.
Таквата лоша ситуација само се влоши бидејќи и Бразилците се чувствувале лошо заради тој настан во нивната земја за време на Игрите. Ваквото однесување на 32 години на Лохте беше проценето како детско и несовесно однесување.
Учење од грешките на Лохте
Лохте изгуби скоро 1 милион долари од своите ангажмани, потсетувајќи ги агенциите за односи со јавноста и маркетинг за тоа како е да се работи со инфлуенсери и колку треба да се внимава.
Бренд менаџерите често мислат дека “врските со влијателните“ значат “плаќање многу пари за поддршката на славните личности“ и со се изгледа добро и придонесува за напредок во работењето. Како и да било, партнерството со славните личности е секогаш ризично. Тоа е всушност и поентата на нивното влијание. Не можете да ги контролирате.
Самиот изглед на партнерството со влијателните од разно-разни селебрити до блогери кажува дека и тие се луѓе со свои предности и маани. Овие партнери не се како вашите соработници од маркетинг одделот. Тоа и ги прави влијателни.
Како и да е, тоа значи вашите партнери понекогаш може да се однесуваат тврдоглаво и непристојно. Сепак, тоа изгледа како заедничко сценарио. Кој не го памети момчето со златни медали од Олимпијадта, Мајкл Фелпс (Michael Phelps) кој направи инцидент пред неколку години?
Размислувајте надвор од спонзорската кутија
Ова е исто така добро време да се направи уште едно потсетување. Влијателните славни личности не се единствениот начин кој може да ја подигне свеста за еден бренд.
Напротив, размислувајте поразлично, не само за спонзорства. Како што Ејми Рон ( Amy Rohn) и Тод ЛаБеу (Todd LaBeau) неодамна зборуваа за т.н. LSB Marketing Toddcast. Има толку начини за висока ефективност со вклучување на корисници на социјални медиуми и потрошувачи, кои ќе ја помогнат
подобрата организација и нема да вклучат милиони долари за договори со атлети или познати личности.
Врските со славните и соработка не може да бидат повеќе од взаемно давање и земање, спонзорства на YouTube на креатори на популарни содржини и сл. Работете со луѓе кои имаат страст за вашата организација.
Без оглед на тоа дали ќе се здружите со влијателни корисници на социјални медиуми, јавни личности и познати личности, размислувајте за тоа со кого навистина сакате “да го усогласите“ вашиот бренд. Запрашајте се:
– Дали тој или таа го има вистинското влијание ?
– Дали неговата/нејзината публика е добра да го претстави вашиот бренд?
– Дали досега тој или таа направил погрешни одлуки во животот?
Важно е да имате план како резервна варијанта, во случај познатите инфлуенсери да скршнат од патот и ја поминат границата за вредностите на општеството или ја нарушат сликата за брендот што е неприфатливо за вас.
Извор:PR Daily