Смртта на сопружник или близок член на фамилијата се број еден и пет на листата најстресни животни ситуации за возрасните, според Стресната скала на Holmes and Rahe. Малку работи може да се споредат со ваква загуба на интимно ниво. Неодамна видовме во случајот со Дејв Голдберг, CEO на SurveyMonkey, дека ненадејната смрт на еден CEO може длабоко да ги допре вработените, клиентите и акционерите на една компанија.
Кога ќе се случи кризата, повеќето лидери се осврнуваат кон правни, комуникациски и експерти за човечки ресурси за да им помогнат. Размислете и инвестирајте време во развој на еден план за ваков настан, како и осигурување: Се надевате дека никогаш нема да ви затреба, но кога ќе треба, веќе е доцна за тоа.
Еве еден план од шест точки кои ќе ви помогне да водите со самодоверба и смиреност, дури и кога не се чувствувате смирени. (Запамтете, никој од нас не е имун на искуството да се загуби личност која ни значи).
1. Подгответе се за ситуацијата пред да се случи.
Сега е време за рационално размислување. Искористете го да развиете и имплементирате комуникациски план при криза кој опфаќа и неочекувана смрт на извршен директор чија загуба може да има материјални последици врз компанијата. Ова вклучува имање на тековни, дигитални фотографии од вашите извршни директори, и осигурете се да бидат достапни преку вашиот веб-сајт (висока резолуција бидејќи списанијата ќе сакаат да биде големо). Исто така, подгответе го и соопштението за јавност пред време.
Малку од нас се смирени во соочувањето со сопствената смртност – овој план може да биде таков обид за сите вклучени. Потсетете го вашиот CEO дека овие чекори ќе и’ овозможат на организацијата да се справи со загубата и да се врати кон продуктивноста – и одржувањето на неговото наследство – доколку се случи најлошото.
2. Делувајте брзо.
Двете најважни работи што треба да бидат вклучени во кризниот план се:
- “Стебло на телефони” кое започнува со фамилијата, и продолжува со првите, вторите и третите точки на контакт кои ќе го информираат бордот на директори, останатите извршни директори, и комуникацискиот тим.
- Контакт листа на новинари (клучни известувачи во национални, локални и во рамки на индустријата, со кои компанијата има добар однос) и ивеститори (особено оние со клучни акции или позции). На овој начин, доколку се случи несреќното, никој нема да седи мирно и да вели “Што да правиме сега? На кој да му кажеме?”
Исто така, добра идеја е да им се даде “стеблото со телефони” на фамилиите на извршните директори, така што ќе знаат на кој да се јават во некој случај на голема итност.
3. Предвидете ја и прифатете ја емоционалната реакција на организацијата.
Вработените можеби не се роднини, но многумина секој ден го поминуваат работејќи одблиску со своите лидери. Тие заедно превземаат ризици и заедно ги слават успесите. Поради тоа, се создават силни лични врски. Слични, некои од вработените може да го гледаат починатиот како херој, особено ако тој или таа успешно ја воделе компанијата низ тешки времиња.
Некои луѓе потешко се справуваат со вакви губитоци отколку други, и понекогаш може да наидете на непредвидлива и ирационална емоционална реакција. Овие луѓе може да се задолжени за внатрешна или надворешна комуникација. Ако тие се противат на правењето на правилните работи или имаат чудни реакции (ќе ги препознаете кога ќе ги видите), побарајте ги нивните колеги да им дадат поддршка или да ги заменат во менаџирањето на нивните комуникациски задачи.
4. Овозможете им на вработните или други луѓе блиски до компанијата да ги споделуваат своите приказни.
Скорешната смрт на Голдберг е пример колку далекусежно можат да бидат шокот и губитокот. Дури и тие кои никогаш немале директен конктакт беа повлечени да се поврзат со големата ожалостена заедница.
Компанијата може однапред да планира како да ги искористи водечките комуникациските канали за да го охрабри споделувањето на приказни и спомени, и да осуигураат дека останатите лидери ќе имаат волја да го водат патот. Без оглед кој е каналот (посебен веб-сајт, Фејсбук страница или YouTube канал, на пример), создавањето на еден форум кој може да биде архивиран овозможува уште една придобивка: Создавањето на историја на импактот на починатиот CEO може да помогне во одржувањето на неговото наследство и зачувувањето на организациската култура во иднина.
5. Очекувајте голем медиумски интерес.
Не секоја компанија има извршен директор од висок профил, но доколку има, може да биде потребен тим од шест или повеќе за да го изменаџираат медиумскиот интерес во првите неколку недели. Ако не ја знаете животната приказна на вашиот CEO, неговите интереси или бизнис позадина, веднаш да ги осознаете. Печатот ја сака приказната, не само фактите, а вие ќе треба да ја знаете. Ако вашиот CEO почине при кајакарење или при пилотирање на авион, вие ќе мора да кажите зошто зел учество во таква несигурна активност.
6. Создадете механизам за продолжување на чествувањето на личноста
Хуманитарни фондови, академски собири или други специјални комеморации може да помогнат во зацементирањето на доброто влијание врз организацијата кое го имал извршниот директор, изградете добра волја во заедницата, и помогнете им на вработените и останатите да продолжат напред.
Разгледајте ја можноста за развој на кризен план за неочекувана смрт на некој извршен директор. Не сакате фамилијата да се бори со тешки одлуки кога единствено што реално можат да прават е да жалат. Исто така, планирањето однапред ќе ги поштеди од рационална парализа оние кои треба да делуваат и ќе им се овозможи да служат во најдобрите интереси на компанијата.
Автори: Трејси Бенсон и Бет Свансон
Извор: PRDaily