Технолошкиот напредок олесна и промени низа работи во изминативе 15 години, почнувајќи од комуникациите, учењето, организирањето на патувањата, но и гледањето на дигитална телевизија
Човекот се обидува да си го олесни својот живот од почетокот на времето – било да се работи за првите алати, тркалото, електричната светилка, телефонот или низа други технолошки уреди, намерата секогаш била иста. Доколку пак, погледнеме 15 тина години наназад, технолошкиот напредок и развој на новите уреди ни направија толку многу работи поедноставни, што за нив денес и не размислуваме.
1. Комуникацијата никогаш не била полесна
Од денешна перспектива, меилот ни се чини како “стар“ облик на комуникација, а благодарение на телефоните кои ги имаме во џеб и бројните социјални мрежи и апликации за чет, со блиските сме во контект во секој момент. Исто така, брзите мобилни мрежи и камери со висока резолуција, видеоповиците ги направија едноставни како и класичните повици. Токму таа комуникација отвори и цела нова индустрија.
- Во секој момент знаеме што се случува во светот
Социјалните мрежи и паметните телефони во последните 10тина години внесоа вистинска револуција во информирањето. Благодарение на Твитер, во живо ги следевме некои од најважните светски случувања и тоа преку зборовите на луѓето кои се нашле таму, како на пример пронаоѓањето на Осама бин Ладен. Денес, видеата во живо на Фејсбук и сличните апликации, исто така ни овозможуваат со еден клик да се префрлиме во средиштето на било кој настан или нечиј живот.
- Патување и организација
Резервирањето на сместување, карти за лет и водачи за снаоѓање во странски град некогаш биле вообичаени пред секое патување. Напредокот во последните неколку години тоа го олесна толку многу, што се прашуваме како сме живееле без тоа. Апликациите денес ни овозможуваат каде се појавиле најповолни карти и сместување во хотелите и веднаш можеме да резервираме, а секој град кој го посетуваме можеме да го имаме на дланка на нашите мобилни телефони и со детални упатства и водач, кои ќе ни дадат информации за сите знаменитости во градот. Покрај тоа, телефонот ќе ни го преведе и секој натпис на странски јазик.
- Работење
Таблетите, мобилните телефони и лаптопите, заедно со се побрзите и пораширени мобилни мрежи им овозможија на милиони луѓе полесно да започнат и да водат бизнис, но ја олеснаа и мобилноста, затоа што денес е се поголем бројот на работи кои можеме да ги работиме од дома или од било кое место на светот со еднаква или поголема продуктивност. Cloud сервисите и видео комуникацијата ни го олеснаа споделувањето и презентацијата на бизнис идеите.
- Учењето е позабавно и полесно
Знаењето никогаш во историјата не било вака достапно на најголем број на луѓе. Бројни факултети денес нудат онлајн курсеви на кои можеме да присуствуваме од секој дел на светот, а има цел низ на интернет сервиси кои нудат едукација од најразлични. Со неколку кликови на YouTube можеме да почнеме да учиме и низ видео примери, а децата денес со леснотија учат и преку игри на мобилните телефони. Но, технологијата ги менува и самите училници, па денес постојат и паметни училници во кои децата работат на таблети и паметни екрани.
- Паричниците стануваат минато
Некогаш бевме навикнати постојано да носиме и многу готовина, а последните години се помалку мислиме на тоа и за плаќање воглавно користиме картички кои стануваат се попаметни, односно овозможуваат да плаќаме и бесконтактно. Се пораширени стануваат и виртуелните паричници или компании како Googlе и Apple во кои можеме да си сместиме податоците за сите картички кои ги носиме во паричникот (кредитни, попусти…).
- Забава
Мобилните уреди и подвижните гаџети ни овозможија музиката да ја носиме каде што сакаме, а дигиталните аудиосервиси ни овозможија моментален пристап на милиони песни.
Навистина мора да се признае дека ова беа “интересни“ 15 години во кои се развија илјадници сервиси кои профитираа од сменетите животни навики поради многубројните технолошки промени. За маркетерите е особено значајно постојано да ги следат новитетите и навреме да ги препознаат трендовите кои се развиваат…да знаат точно како определен новитет ќе влијае врз човечките навики и да ги антиципираат потребите од нови сервиси, производи и услуги.