Сигурно сте се запрашале како “се влегува“ во една маркетинг агенција: Дали треба да имам 2 глави, да знам фотошоп, да бидам креативен, да имам завршено бизнис менаџмент? :)
- Кога бираме образовна институција – Американ Колеџ статистички води
Американ Колеџ од Скопје се издвојува како образовна институција која важи за исклучително вмрежана со повеќе маркетинг агенции и компании и место од каде многумина студенти факултетските клупи ги замениле со работни столици во македонските маркетинг агенции и/или маркетинг сектори во успешните компании.
Одговорот на прашањето на што се должи оваа преференца кај работодавците го дознаваме во моментот дека секоја година студентите од трета година маркетинг од Американ Колеџ Скопје, имаат можност да работат на практични проекти во развој на маркетинг комуникациска кампањи и при тоа, континуирано, во текот на студирањето имаат можност да посетуваат неколку рекламни агенции каде се запознавааат со практичното работење на агенциите и имаат можност уште додека се студенти да се запознаат со идните колеги од маркетинг агенциите или маркетинг секторите на компаниите.
Оваа година во рамки на оваа пракса посетени беа агенциите ЊуМомент, регионална рекламна агенција и МекКен Ериксон, глобална рекламна агенција, каде студентите видоа како се развива рекламна кампања.
Вообичаено студентите ги посетуваат и Публицис, Футура, Медија Хаус и повеќе ПР агенции.
“Најважно е што УАКС студентите од смерот маркетинг се поподготвени за работа во маркетинг сектор и веќе во агенциите имаме вработени наши студенти како Стефанија Миндова, Дарко Апостоловски, Сунчица Кузмановска, Андреј Миндов, Нино Илиевски и други. Но и многу други кои се вработени во маркетинг секторот на поголеми компании“ – велат од Американ Колеџ Скопје.
Експерти од праксата ја објаснуваат теоријата !
За успешност секако има значење што предавачи на Американ Колеџ се неколку експерти од праксата почнувајчи од шефот на катедрата Илијана Петровска – поранешен маркетинг директор на банка, како и Димитар Ковачевски – директор за корпоративни комуникации во голем македонски бренд, Ангелка Пеева Лауренчиќ – директор на ПР агенција Имиџ ПР, Кристијан Петковски – сопственик на рекламна агенција Fiona Rosario, Данчо Ѓорѓиевски – сопственик на неколку онлајн продавници, Наташа Дукоска – сопственик на Навигаторс ПР агенција, Љупчо Ефремов од ГфК агенција за истражување…
*комерцијален текст