Д-р Моргаин Гај е футуролог кој предвидува промени во прехрамбените навики на потрошувачите и нивното влијание врз прехранбената индустрија
Д-р Моргаин Гај е футуролог која специјализирала на тема исхрана. Д-р Гај ги истражува претстојните промени во потрошувачката на храна и предвидува што ќе јадеме за 5 до 10 години. Едно од нејзините предвидувања е дека во иднина ќе ги користиме уредите кои ќе бидат директно поврзани со нашата ДНК, а кои ќе ни укажуваат што треба да јадеме во текот на денот за да го искористиме својот полн потенцијал. Уредите ќе ги користиме во нашата сопствена кујна и во продавниците и ние ќе ги избираме намирниците врз основа на нивната анализа.
Таа има свој истражувачки тим и применува современ научен пристап за истражување на историјата, природата, глобалната култура, маркетингот и однесувањето на потрошувачите за да ги направи своите предвидувања поврзани со исхраната. Д-р Моргаин Гај смета дека вкусот, иако е биолошко искуство, може да се разгледува за општествен феномен. Д-р Гај истакнува дека без оглед на тоа што јадеме или не јадеме, со сè што купуваме, одгледуваме и консумираме, донесуваме лични, културни, општествени и политички одлуки и на тој начин ги одржуваме нашите сопствени културни обрасци.
За креирање на предвидувањата, важни се различни фактори, од пакување, култура, традиција, религија, производи кои во моментов се наоѓаат на полиците до производи кои престанале да се произведуваат или продаваат. Како футуролог за исхрана, д-р. Гај истражува зошто консумираме одредени видови на храна и ги предвидува идните трендови кои го зафаќаат општеството во целина, не оставајќи му на поединецот премногу можности да остане недопрен од одредени глобални трендови.
Футурологот Гај предава на Универзитетот Нотингем Трент во Лондон и Универзитетот Лунд во Шведска. Редовно одржува предавања, семинари, академски истражувања, објавува публикации, пишува новински статии и ги советува прехрамбените компании. Нејзините примарни теми се иднина на храна, иднината на здравјето и поврзувањето на личниот идентитет со изборот на храна. Д-р Гај укажува дека едно е сигурно, а тоа е дека во период од 5 до 10 години, луѓето многу подобро ќе разберат што јадат.
Кои се претстојните трендови и како технологијата ќе биде поврзана со секојдневната конзумација на храна, д-р Гај ќе зборува на конференцијата Future Tense која ќе се одржи на 2 октомври 2018 година во загребска Лауби.
Тихомир Адам, директор на хрватската прехранбена компанија Ѕвезди, која го поддржа доаѓањето на футурологот д-р. Гај на конференцијата, изјави: “Многу ни е драго што можеме да ја поддржеме конференцијата Future Tense и со тоа од прва рака да ја подотвориме вратата кон иднината. Можеби денес не можеме да го замислиме производот кој ќе го сака нашиот потрошувач во иднина, но футурологијата може да ни помогне да ги предвидиме неговите потреби и промената на трендовите, што е добар водич за планирање на идните операции. “
Заедно со д-р. Гај на конференцијата Future Tense ќе зборуваат и други футуролози: Арил Дроми на тема паметни градови, Дејвид Бирч на тема иднината на плаќањата и Герд Леонард за влијанието на развојот на технологијата во развојот на човештвото.
Повеќе информации за конференцијата, побарајте на www.futuretense.eu