Иновативна кампања на агенцијата Лео Бернет Букурешт насловена Vloggers’ Swap ги искористи податоците со цел милиони милениумци да ги соочи со дијаметрално спротивни работи од она што обично им се допаѓа
Телеком Романија, една од трите најголеми телекомуникациски компании во Романија, одлучи да ги разбие т.н. “филтер балони” на милениумците со интересна кампања во која наговориле некои од најпопуларните видео блогери да ги заменат каналите со едни со други.
Во кампањата наречена “Размена на влогери”, компанијата ги користила созанијата од податоците за да ги идентификува сегментите на публиката на највлијателните влогери во земјата, а потоа им обезбеди можност на омилените YouTube канали да ги погледнат влогерите чија содржина, перспективи и ставови се дијаметрално спротивни на оние на кои се навикнати.
Целта на целата кампања е младите милениумци да ги соочи со интелектуалната изолација и да ги изложи на нови идеи, нови содржини и нови материјали надвор од вообичаените “балони”, во кои несвесно ги затвараат дигиталните алгоритми, филтрирајќи ги содржините што им се препорачуваат.
Иако првично целта беше да достигне до еден милион прикази, кампањата достигна до повеќе од 9 милиони, што предизвика цел нов тренд во влогосферата, зголемувајќи ја свеста за брендот. Исто така, многу интересен податок е што после кампањата, биле забележани половина милион нови претплатници на каналите и тоа од корисници кои инаку не гледале содржини на кои биле изложени. И сето ова е постигнато без никакви вложувања во медиумите.
Делириќ, еден од влогерите, изјави: “Јас сум професионален музичар и знам колку е тешко да се дојде до нова публика. Во кампањата Vloggers ‘Swap, беше неверојатно да се види како во еден момент, бев изложен на нова и сосема друга публика”.
Слоганот Телеком Романија гласи “Животот е за споделување, па затоа овие “филтер балони” се во целосна спротивност со вредностите за кои брендот се залага, што беше и водечка идеја за оваа кампања која сака “да ја заврти ситуацијата наопаку.“
Оваа донекаде радикална кампања која треба да ги приближи милениумците со другите, преку соочување со погледите на светот и перспективите кои се сосема различни од нивните, е дело на креативната агенција Leo Burnett Букурешт.
Али Бати, главен креативен директор на агенцијата Leo Burnett Букурешт, ја опиша кампањата: “Користевме креативност која ќе ги натера алгоритмите да ги приближат спротивностите наместо да ги поларизираат. Филтричките балони се оние кои ја ограничуваат размената на идеи, мислења, ставови и верувања – и оваа кампања е насочена право кон сржта на овој проблем “.
Кампањата беше лансирана по повод новата понуда на неограничени видеа од Телеком Романија.