Соопштенијата за медиуми сеуште претставуваат една од најприменуваните и најефикасните алатки на повеќето ПР професионалци. Конечниот успех или неуспех на самото соопштение, во однос на тоа колкава видливост ќе добие, зависи од многу различни фактори – од временскиот период во денот кога се испраќаат, од денот во неделата, па се до (не)ефикасната маил листа.
Имајќи го сето тоа во предвид, порталот PRdaily ги објави резултатите на PR.co кои спроведоа студија под назив “Што можеме да научиме од 50.000 соопштенија за јавност?“.
Резултатите кои даваат одговор на една од вечните дилеми – Кога да се објави соопштението за медиуми, а да предизивика најголем успех – односно да го видат мнозинството од нашите целни групи изгледаат вака:
Исто така, мнозината ПР професионалци ги интересира и податокот колку луѓе го прочитале нивниот маил и дали електронската пошта имала учинок? Одговорот, од споменатата анализа, го даваат статистичките податоци за односот на испратени и прочитани емаил пораки според тоа кон колку испраќачи биле испратени во ист момент:
Сега фрлете поглед на делот кој дава статистички приказ на персонализираните и не-персонализираните емаил пораки во моментот на испраќањето на соопштението за јавност :
Заклучокот од последниот графички приказ е дека постои негативна корелација помеѓу бројот на примачи и отворени пораки и кликови, односно, колку што се зголемува бројот на примачи истовремено (а со тоа нормално пораката станува помалце персонализирана) толку е помал процентот на отворени пораки и кликови во нив.